Насловна
Добрeдојдовте!
12.06.2004.
Добрeдојдовте на веб-сајтот Безбедно на интернет или CRISP (Children’s Rights on the Internet – Safe and Protected)! Создаден е да придонесе кон поголема безбедност и заштита на правата и приватноста на децата на интернет. Сајтот е дел од проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (или скратено CRISP) кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Европската унија.

Овој веб-сајт содржи голем број корисни нешта за децата и тинејџерите, нивните родители и наставници. Тука ќе најдете совети и насоки за безбедно уживање во благодетите на интернетот, општи информации за интернетот како медиум, можностите што ги нуди, опасностите што со себе ги носи и начините како да се заштитиме од нив.

Содржините на овој веб-сајт се прилагодени на корисници од различни нивоа (од оние кои што имаат минимално познавање од интернетот, до оние кои се негови редовни корисници) како и на различни возрасни категории (деца од основно училиште, тинејџери и возрасни).

 
По случајот „пријателот на Џереми – онлајн намамување“: Предлози и совети од владата на Австралија (трет дел)
22.01.2010.
2.11-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-iii-del-intro.png Редовните читатели на оваа рубрика веќе сигурно добро ја знаат приказната за Џереми од Австралија и за неговиот онлајн пријател, кој наместо негов врсник, излегло дека е возрасен маж. Вистинската случка зад оваа приказна завршува со позитивен крај, но не значи дека така би се случило во секоја друга ситуација. Затоа треба да бидеме многу претпазливи со кого комуницираме онлајн, да знаеме до кој степен можеме да им веруваме на онлајн пријателите и кога и како треба да постапиме доколку онлајн пријателот од другата страна на мониторот не повика на средба.

Во минатите 2 броја на Колибри пренесовме дел од предлозите на Австралиската влада за зголемување на безбедноста на младите на интернет и намалување на потенцијалните опасности преку зголемување на знаењето и свеста за истите. Во денешниот број завршуваме со последниот предлог.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 26.01.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
По случајот „пријателот на Џереми – онлајн намамување“: Предлози и совети од владата на Австралија (втор дел)
22.01.2010.
2.10-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-ii-del---intro.png Веројатно веќе ја имаш прочитано приказната за Џереми – момчето од Австралија кое мислејќи дека стекнатиот онлајн пријател е негов врсник, се доведе во многу опасна ситуација, која за среќа навреме беше сопрена од австралиската полиција. Во денешниот број, прочитај за втората мерка за зголемување на безбедноста на децата на интернет, што ја предлага австралиската влада, која ти треба да ја предложиш во твоето училиште. Потсети се и на првата мерка, која беше опишана во минатото издание на „Колибри“.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 02.02.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
По случајот „пријателот на Џереми – онлајн намамување“: Предлози и совети од владата на Австралија (прв дел)
22.01.2010.
2.9-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-i-del---intro.png Во минатиот број на „Колибри“, раскажавме една вистинска случка за момче од Австралија кое било заведено од непозната возрасна личност преку интернет, а која се претставувала како негов врсник. Ако ја пропушти приказната тогаш, истата можеш да ја најдеш на www.crisp.org.mk, како и во онлајн изданието на „Колибри“ , а во овој број, како што ветивме, ќе можеш да прочиташ за мерките и предлозите кои ги изнесува австралиската влада во проектот за заштита на децата од интернет опасностите.


Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 12.01.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
Вистинска случка од Австралија: пријателот на Џереми – онлајн намамување
22.01.2010.
2.8-vistinska-sluchka-od-avstralija--prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje-intro.png Иако интернетот можеш да го користиш за многу интересни и корисни работи како што се добивање информации за твоите училишни проекти, комуницирање со твоите блиски пријатели, онлајн учење, играње забавни видео игри и многу други работи, сепак треба да имаш на ум дека не секој се однесува морално и етички кога е онлајн. Треба да внимаваш каде и какви информации оставаш за себе и да бидеш претпазлив кога комуницираш во т.н. „соби за муабетење“ – да знаеш кому му се доверуваш, бидејќи личноста зад другиот монитор не секогаш е онаа која ти се претставува.

Следнава вистинска приказна зборува токму за лажното претставување во „собите за муабетење“, каде што грешката на едно малолетно момче можела да доведе до катастрофални последици.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 05-07.01.2010, вторник-четврток

Прочитај повеќе...
 
Онлајн забава за најмалите – шарено и безбедно
14.01.2010.
2.7-onlajn-okolina-za-najmalite---shareno-i-bezbedno-intro.png Интернетот е неисцрпен извор за сите наши потреби, желби и интереси, оние за кои знаеме и оние за кои не сме ни свесни. Сепак, често претставува проблем да се најде вистинското нешто во вистинскиот момент и за кратко време. Барајќи забавни и интересни содржини, можеме случајно да налетаме на порнографски, расистички, безобразни или друг тип на несоодветни и вознемирувачки содржини. Не срами се ако ти се случи ова, туку веднаш кажи им на родителите, тие ќе знаат што треба да направат. А за да бидеш сигурен дека вакво нешто нема да ти се случи, посетувај само претходно препорачани извори на содржини за деца.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 29.12.2009, вторник

Прочитај повеќе...
 
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates