Насловна arrow Публикации
Публикации

Додадено на

Подреди по : Име | Датум | Погледи [ Опаѓачко ]
Фокусот на овој Водич е поставен кон интернетот, кон социјалните мрежи, но претставени се и други форми на комуникација и клучни места каде што е можна злоупотреба на личните податоци и нарушување на приватноста. Покажувајќи интерес за технологиите што ги користи Вашето дете, Вие можете да учите заедно со него/неа и да знаете што прави кога „седи на интернет“.
Осмиот „Водич за ИКТ“ на „Метаморфозис“ е наменет за сите корисници на Фејсбук, без разлика на начинот и нивото на кои ја користат оваа социјална мрежа. Тој претставува кратко „упатство за употреба“ на сите достапни опции за заштита на приватноста што особено им е значајно на оние кои често ги споделуваат своите ставови, коментари, линкови кои водат до содржини што им се допаѓаат или ги поддржуваат и фотографии од себеси и од останатите кои се појавиле пред нивниот фотообјектив.
Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист?
Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист?
Основна цел на ова истражување е да се процени степенот на ефективност и ефикасност на спроведените предавања, нивото на свесност кај учениците кај кои е спроведено предавањето, експлицитна информираност на ученици од средните училишта за правото на приватност и заштитата на личните податоци на учениците, особено за користењето на социјалните мрежи, појава на говор на омраза на социјалните мрежи, како и познавање на механизмите за пријава и кои се релевантните институции за одговор при пријава на повреда на правото на заштита на личните податоци.
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates