Faqja e parë
Потпишан Меморандум за соработка за проектот „Час по приватност“ меѓу ДЗЛП и Град Скопје
e enjte , 04 shtator 2014
memorandum-dzlp-grad-skopje.jpg
На 04.09.2014, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци, Димитар Ѓеорѓиевски, во Салата на Советот на Град Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за реализација на проектот „Час по приватност“.

Lexoni përmbajtjen...
 
Распоред на часови - Прва активност од проектот „Час по приватност“
e hënë , 01 shtator 2014
inserter-mini.jpg

На 1 септември, во дневниот весник „Нова Македонија“ излезе прилог – Распоред на часови, наменет за децата од основно и средно образование. Оваа активност е една од првите заеднички активности на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Град Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Метаморфозис - Фондација за интернет и општество. 

Lexoni përmbajtjen...
 
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Дирекцијата за заштита на личните податоци и Метаморфозис
e premte , 25 korrik 2014
mou-dzlp-meta.jpg
На 25 јули 2014 година, Дирекцијата за заштита на личните податоци и Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, потпишаа Меморандум за соработка. Со овој Меморандум се потврдува одличната соработка во континуитет и заедничкиот интерес на организациите за едукација и информирање на граѓаните, особено младата популација, на тема приватност, заштита на лични податоци и други сродни области.
Lexoni përmbajtjen...
 
Ден на побезбеден интернет – Да создадеме подобар интернет заедно
e hënë , 10 shkurt 2014
snap1.jpg
Денот на побезбеден интернет на 11 февруари 2014 година по 11ти пат ќе биде прославен ширум светот. Оваа година темата е: „Да создадеме подобар интернет заедно“. Се надеваме дека повторно, сите засегнати, било да се децата, младите, родители и старатели, наставници и едукатори, индустријата или политичарите, ќе се придружат кон обележување на денот и ќе работиме заедно кон градење на подобар интернет за сите, особено за децата и младите.

Lexoni përmbajtjen...
 
СиЕнЕн: Училишниот округ на Калифорнија ангажираше фирма за надгледување на дружтвените медиуми на учениците
e hënë , 30 shtator 2013
spy.jpgПриградски училишен округ во Лос Ангелес ги прегледува јавните објави на друштвените мрежи од страна на средношколците, пребарувајќи за можно насилство, употреба на дроги, заплашување, бегање од часови и закани за самоубиство.

Областа во Глендејл, Калифорнија, плаќа 40.500 долари на фирма која надгледува и известува за објавите на 14.000 средношколци на Твитер, Фејсбук и другите социјални медиуми во текот на една година.

Иако критичарите го поврзуваат надгледувањето со демнењето на владата, школските власти и нивниот платеник велат дека целта е безбедноста на учениците.

Целосната вест пренесена од СиЕнЕн е достапна на англиски јазик.

 
Факултети.мк: Како правилно да изберете лозинка за да го заштитите вашиот Фејсбук
e premte , 29 mars 2013
kako_pravilno_da_izbrete_lozinka_za_fb.jpgВашиот е-маил, фејсбук, скајп и други апликации за кои ви треба лозинка да се најавите се лесни за пробивање ако не изберете сигурна лозинка. Неколку совети кои ќе ви помогнат како да се заштитите со лозинка која тешко или никој нема да може да ја пробие.
 
Ден на побезбеден интернет - „Поврзи се со почит“
e hënë , 04 shkurt 2013
sid_2013_logo_anniv_ed.jpgУтре, на 5 февруари 2013 година, по десетти пат се обележува Денот на побезбеден интернет. Оваа година носечката тема на овој ден се онлајн правата и одговорностите. Слоганот на овогодинешната кампања е „Поврзи се со почит“.

Lexoni përmbajtjen...
 
Факултети.мк: Интернет - каде започнува зависноста?
e premte , 21 dhjetor 2012
internet-kade-zapochnuva-zavisnosta-1.jpgОд безизлезна забава, преку постојана навика, до вистинска зависност- цената која денешните млади генерации ја плаќаат. Долгометражните цртани се заменети со 3D филмови, видео игри, а пишувањето со писма е заменето со онлајн чет на друштвените мрежи. Се менува јазикот, се менува фантазијата, се менуваат симболите... Каде е границата од едноставното користење на компјутерот и зависноста од него?
 
<< Fillim < E mërparshme 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Tjetra > Fund >>

Rezultatet 25 - 32 nga 148
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates