Насловна
Факултети.мк: Интернет - каде започнува зависноста?
21.12.2012.
internet-kade-zapochnuva-zavisnosta-1.jpgОд безизлезна забава, преку постојана навика, до вистинска зависност- цената која денешните млади генерации ја плаќаат. Долгометражните цртани се заменети со 3D филмови, видео игри, а пишувањето со писма е заменето со онлајн чет на друштвените мрежи. Се менува јазикот, се менува фантазијата, се менуваат симболите... Каде е границата од едноставното користење на компјутерот и зависноста од него?
 
Алфа ТВ: Фејсбук масовно ги повлекува фотографиите од нашите профили
10.12.2012.
fbprofilsliki.jpgФејсбук во текот на последните неколку денови почна масовно повлекување на насловните фотографии од профилите на своите корисници. На овој начин Фејсбук сака да го запре поставувањето промотивни фотографии и оние заштитени со авторски права на место за кое тоа не се предвидени.
 
Обележан - Едукативен филм за последиците од сајбернасилство
26.11.2012.
tagged.jpgTagged (Обележан) е едукативен филм кој ги охрабрува младите луѓе да ги согледаат последиците во вистинскиот живот предизвикани од сајбернасилството и секстинг (испраќање на провокативни и сексуално експлицитни содржини преку пораки, фотографии или видео клипови главно со употреба на мобилни телефони, како и постирање на вакви содржини online) и негативната дигитална репутација.

Прочитај повеќе...
 
МК-њуз: Водич за родители и тинејџери за заштита од сајбер насилство
22.11.2012.
vzs.jpgРодителите имаат клучна улога во помагањето на децата да им обезбедат безбедни и позитивни искуства на Интернет. Преку разбирањето на тоа како децата и младите го користат Интернетот, ризиците со кои се соочуваат и стратегиите за управување со ризиците, родителите може да им овозможат на децата добро да се справуваат со Интернет светот. Меѓаши со неколку совети како да се заштитат децата на интернет.
 
Канал 5: Со измама зел 13 000 евра од кумановска брачна двојка
1.11.2012.
kumanovoizmamafb.jpgДека и возрасните можат да бидат жртви на измама преку интернет, покажува најновиот случај кој осамна во медиумите. Едно пријателство на Фејсбук било фатално за млада брачна двојка од Куманово. Фејсбук пријателот од скопско Мралино успеал да ги измами сопружниците кои останале и без стан и без пари.

 
Факултети: Самоубиство на 15 годишно девојче кое било исмејувано на интернет
15.10.2012.
devojce-samoubistvo.jpgСе поголем број млади луѓе бараат помош преку Фејсбук или Јутјуб, но за жал, никој не ги сфаќа сериозно. Пред неколку дена светот беше шокиран од видеото на младата Швеѓанка која го опишала нејзиното силување. Во истото време, Канада беше шокирана од самоубиството на 15 годишно девојче.

 
Стрип за приватноста на Фејсбук
25.09.2012.
strip.jpgИнтересен стрип за приватноста на Фејсбук, во кој авторот претставува една секојдневна ситуација за корисниците на Фејсбук. Овој сервис толку често ги менува поставките за приватност што корисниците се збунети кога ќе забележат некои промени во начинот на кој споделуваат.


Прочитај повеќе...
 
Актив: Приватноста на младите на Интернет сè позагрозена
18.09.2012.
aktiv-privatnost.jpgНеодамна, јавноста во Македонија беше шокирана од злоупотребата на видео клип на една средношколка во кој таа изложува интимни искуства, за што имаше бурни реакции во јавноста, особено меѓу граѓанските активисти и организации.

 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates