Насловна
Нова Македонија: Додека садат на фармата, ги демнат манијаци
1.04.2011.
Додека садат на фармата, ги демнат манијаци Децата под тринаесет години не се свесни за опасностите што ги демнат на Фејсбук и затоа не би требало да го користат овој сервис, вели Ирина Шумадиева, координатор на проекти за безбедност на децата на Интернет на фондацијата „Метаморфозис“.

Садењето дрвца на фармата, одгледувањето миленичиња во „Пет сосајати“ и пиењето виртуелни пијалаци во „Јо вил“ навидум изгледаат како наивна забава за децата, но реалноста е малку поинаква. Најновиот случај на 25-годишниот струмички педофил, осомничен за намамување малолетник преку комуникациската мрежа Фејсбук, е уште еден во серијата појави на украдени идентитети, фотографии и лични податоци од корисниците за злоупотреба на малолетниците од злонамерници.

 
Посета на основното училиште „Ацо Шопов“ во Скопје
18.03.2011.
aco_shopov-intro.jpg На 16.03.2011, во О.У. „Ацо Шопов“, Скопје се одржаа три предавања на тема: Безбедност и приватност на децата на интернет. На овие предавања беа присутни вкупно 70-тина ученици од 5-то, 7-мо и 8-мо одделение, поделени во две групи. Предавањата траеа по еден училишен час, а децата имаа можност да научат нешто повеќе, да се информираат за опасностите и ризиците на интернет, но и за тоа како да ја заштитат нивната приватност.


Прочитај повеќе...
 
Промоција на 10 филмчиња за безбедност и приватност на децата на интернет
24.12.2010.
Во вторник, 28 декември, во 19:00  часот ќе се одржи промоција на 10 кратки филмчиња на теми поврзани со безбедноста и приватноста на децата на интернет, изработени во рамките на проектот „Полесно до приватност на Интернет“.

Прочитај повеќе...
 
Обуки за интернет безбедност во Неготино
19.08.2010.
obuka-vo-negotino---intro.png Во рамките на одбележување на Светскиот ден за побезбеден интернет (9 февруари) во ООУ Страшо Пинџур во Неготино во текот на месецот се одржа обука за учениците и родителите на оваа тема. Обуката ја реализираше Ѓорѓина Димова – наставник по информатика, служејќи се со материјалите достапни на веб-сајтот на Метаморфозис Безбедно на Интернет.

Прочитај повеќе...
 
Семинар на тема: „Безбедност и приватност на интернет“ во НОВА
28.06.2010.
Минатиот петок (25.06.2010) во приватното училиште НОВА се одржа семинар на тема „Безбедност и приватност на интернет“, кој го проследија  20-ина учесници од наставниот и педагошкиот кадар. На настанот беше претставник од фондацијата Метаморфозис, а целта беше дискутирање на потенцијалните опасности на интернет, начините за нивно спречување и контролирање, особено во рамките на училиштето.

Прочитај повеќе...
 
Стрип за младите во Европа: „Под надзор“
28.06.2010.
under-surveillance.png Информатичко-комуникациските технологии (телефон, интернет, е-пораки, блогови и социјални мрежи) го олеснуваат секојдневниот живот и врските со нашите роднини, пријатели, па дури и со непознати лица. Овие технологии особено интензивно ги користат младите. Меѓутоа, ако не внимаваме, тие можат да нè доведат во ситуација да откриеме прекумерно количество лични податоци, олеснувајќи го надзорот на нашите приватни животи. Заштитата на личните податоци е од суштинско значење за почитувањето на приватноста.

Европската унија има воспоставено законодавна и регулаторна рамка која има за цел да обезбеди заштита на личните податоци на граѓаните како едно од нивните основни права. Каква е всушност реалноста во пракса и како ние самите можеме да се заштитиме во секојдневието?

Прочитај повеќе...
 
Разумно онлајн: Долго лето, многу забава, но и голема одговорност
23.06.2010.
2.29-vnimavaj-na-tvoite-digitalni-otpechatoci-ii-del-veb-intro.png

(Дигитални отпечатоци - продолжение, прочитај го првиот дел) 10, 9, 8, 7... одбројувањето започна и скоро е при крај. Долгото лето е пред тебе и сето слободно време ќе можеш да го искористиш за најразновидни активности, помеѓу кои секако ќе биде и играњето игри на твојот компјутер и прегледувањето интересни веб-сајтови на интернет. Тоа што ќе имаш многу време и многу слобода, не значи дека треба да се одрази на твојата одговорност додека си онлајн. И понатаму треба да внимаваш со кого комуницираш, што кажуваш и какви траги оставаш зад себе.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 08.06.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
Внимавај на твоите дигитални отпечатоци
23.06.2010.
2.28-vnimavaj-na-tvoite-digitalni-otpechatoci-veb-intro.png Уште само 10 дена до крајот на оваа учебна година. Набрзо ќе можеш да ги фрлиш овогодишните учебници во подрум и да му се посветиш на долгото лето пред тебе. Уживање, дружење, онлајн игри и забава. Но, не го поминувај целото твое слободно време на интернет, гледај повеќе да се дружиш во реалниот живот. Кога пак ќе бидеш онлајн, не заборавај да внимаваш на твоите дигитални отпечатоци. Тие, како и вистинските отпечатоци од твоите прсти, можат да го откријат твојот идентитет.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 01,06.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates