Насловна arrow Вести
Безбедно на интернет на Априлијада 2011 Испечати Е-пошта
1.04.2011.
intro_aprilijada_2011.jpg
По повод денот на шегата, 1 април, децата се собраа на плоштадот Македонија, каде што учествуваа во забавната манифестација организирана од детскиот културен центар Карпош. Тимот на Метаморфозис и се приклучи на забавата, доделувајќи им постери за безбедно користење интернет на децата, родителите и наставниците.


Прочитај повеќе...
 
Посета на основното училиште „Ацо Шопов“ во Скопје Испечати Е-пошта
18.03.2011.
aco_shopov-intro.jpg На 16.03.2011, во О.У. „Ацо Шопов“, Скопје се одржаа три предавања на тема: Безбедност и приватност на децата на интернет. На овие предавања беа присутни вкупно 70-тина ученици од 5-то, 7-мо и 8-мо одделение, поделени во две групи. Предавањата траеа по еден училишен час, а децата имаа можност да научат нешто повеќе, да се информираат за опасностите и ризиците на интернет, но и за тоа како да ја заштитат нивната приватност.


Прочитај повеќе...
 
Промоција на 10 филмчиња за безбедност и приватност на децата на интернет Испечати Е-пошта
24.12.2010.
Во вторник, 28 декември, во 19:00  часот ќе се одржи промоција на 10 кратки филмчиња на теми поврзани со безбедноста и приватноста на децата на интернет, изработени во рамките на проектот „Полесно до приватност на Интернет“.

Прочитај повеќе...
 
Веб-сајтот „Безбедно на интернет“ посочен во учебник по информатика за петто одделение Испечати Е-пошта
14.10.2010.
informatika-5-to.jpgВеб-сајтот „Безбедно на интернет“ е посочен како корисен извор за учениците во рамките на учебникот по информатика за петто одделение. Помеѓу обработените теми во учебникот е и темата „Правила за однесување на интернет“ во која се упатуваат некои важни препораки во однос на паметното и безбедно користење на интернетот од страна на децата, а во продолжение е наведен и веб-сајтот crisp.org.mk како извор на кој можат да се најдат повеќе информации на темата. Учебникот може да се преземе во електронска верзија (PDF).
 
Обуки за интернет безбедност во Неготино Испечати Е-пошта
19.08.2010.
obuka-vo-negotino---intro.png Во рамките на одбележување на Светскиот ден за побезбеден интернет (9 февруари) во ООУ Страшо Пинџур во Неготино во текот на месецот се одржа обука за учениците и родителите на оваа тема. Обуката ја реализираше Ѓорѓина Димова – наставник по информатика, служејќи се со материјалите достапни на веб-сајтот на Метаморфозис Безбедно на Интернет.

Прочитај повеќе...
 
Семинар на тема: „Безбедност и приватност на интернет“ во НОВА Испечати Е-пошта
28.06.2010.
Минатиот петок (25.06.2010) во приватното училиште НОВА се одржа семинар на тема „Безбедност и приватност на интернет“, кој го проследија  20-ина учесници од наставниот и педагошкиот кадар. На настанот беше претставник од фондацијата Метаморфозис, а целта беше дискутирање на потенцијалните опасности на интернет, начините за нивно спречување и контролирање, особено во рамките на училиштето.

Прочитај повеќе...
 
Стрип за младите во Европа: „Под надзор“ Испечати Е-пошта
28.06.2010.
under-surveillance.png Информатичко-комуникациските технологии (телефон, интернет, е-пораки, блогови и социјални мрежи) го олеснуваат секојдневниот живот и врските со нашите роднини, пријатели, па дури и со непознати лица. Овие технологии особено интензивно ги користат младите. Меѓутоа, ако не внимаваме, тие можат да нè доведат во ситуација да откриеме прекумерно количество лични податоци, олеснувајќи го надзорот на нашите приватни животи. Заштитата на личните податоци е од суштинско значење за почитувањето на приватноста.

Европската унија има воспоставено законодавна и регулаторна рамка која има за цел да обезбеди заштита на личните податоци на граѓаните како едно од нивните основни права. Каква е всушност реалноста во пракса и како ние самите можеме да се заштитиме во секојдневието?

Прочитај повеќе...
 
Трибина: Безбедно на интернет во Кавадарци Испечати Е-пошта
22.04.2010.
На 20 април, во салата на собранието на општина Кавадарци се одржа трибина на тема: Безбедно на интернет, од страна на локалната полициската станица, подржана од ОБСЕ. На трибината присуствуваа по 10-ина ученици од сите основни и средни училишта во општината на возраст 12-17 години, директорите и стручните служби од училиштата, советници од Бирото за развој на образованието, претставници на невладини организации и медиуми, како и уредници на локални веб-страници кои пишуваат за ноќниот живот во Кавадарци.

Гордана Богева, член на мрежата составена од обучени претставници на училишта и НВОи од Македонија, формирана во рамките на проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“ одржа  едукативна презентација на темата.
 
Комуникации: [Истражување] Скопје: децата и медиумите Испечати Е-пошта
18.12.2009.
aaron.png Во услови кога децата се секојдневно бомбардирани со информации и слики од разновидни и многубројни медиуми многу е важно да знаеме што децата прават со медиумите. За таа цел со анкетирање на намерен примерок од 212 родители на деца на возраст од две до шест години од Аеродром, Карпош, Чаир и Сопиште го истражував пристапот на малите деца до медиумската технологија во домот, фреквенцијата и времето на изложеност и навиките за користење на електронските медиуми. (Прочитај го постот за истражувањето)

Истражувач: Викторија Димитровска
Автор на пост: Дарко Булдиоски
Датум на објавување: 17.12.2009
Извор: Комуникации
 
Нова Македонија: „Фејсбук“ не е за десетгодишници Испечати Е-пошта
18.11.2009.
fejsbuk-ne-e-za-desetgodishnici.png Психолозите и експертите за онлајн-медиуми се согласуваат дека младите не треба да се исклучат од виртуелната социјализација. Тие препорачуваат родителите да им постават насоки и граници на своите тинејџери (на минимум 16-годишна возраст), да ги научат на интернет-бонтон и така самите да се заштитат од потенцијални неволји. Сепак, на помалите деца местото за играње им е во парковите и на игралиштата

Извор: Нова Македонија
 
IT.com.mk: Водич за зачувување на приватноста на Facebook Испечати Е-пошта
20.07.2009.
facebook_privacy_m.png Повеќе од 250 милиони луѓе од целиот свет, меѓу кои 250 илјади македонци, ја користат најпопуларната друштвена мрежа Facebook која овозможува на лесен начин да се поврземе и да комуницираме со пријателите, да споделуваме фотографии, видеа, линкови и сл. Но многу мал број од тие луѓе обрнуваат внимание на својата приватност и на тоа кој се има пристап до нивните лични податоци, воглавно од незнаење како да го регулираат пристапот до тие информации. За подобро да бидете заштитени, IT.com.mk го објавува овој водич кој детално ќе ви ги презентира опциите кои администрацијата на Facebook ги нуди на своите корисници. (Прочитај го водичот)
 
Автор: Дамјан Арсовски
 
Вечер: Уценувал малолетничка со порно клип Испечати Е-пошта
30.04.2009.
Битолчанец уценувал малолетничка да му сними порно клип и со тоа да си го исплати наводниот долг што девојчето го имало кон него.
Битолската полиција поднесе кривична пријава против М.С. (22) од село Света-Демир Хисар за сторено кривично дело "прикажување на порнографски материјал на дете". Во март 2009 година, пријавениот ја принудил Х.Н. (16) од село Единаковци, со нејзиниот телефон да сними сопствен видео клип со порнографска содржина, како надомест за паричен долг што Х.Н. наводно го имала кон истиот. По ова, пријавениот го префрлил видео клипот на неговиот телефон и го препратил на повеќе лица.
 
Извор: Вечер
 
Шпиц: Стоп за сајтовите со детска порнографија Испечати Е-пошта
24.04.2009.
stop-pornografija.pngВладата на канцеларот Ангела Меркел вчера одобри нов закон, со кој на сите интернет-провајдери во Германија им се наредува да ги блокираат сајтовите со детска порнографија. Текстот треба да оди на одобрение во парламентот, што не би требало да биде проблем, бидејќи коалицијата на Меркел ги контролира и двата дома на парламентот, забележуваат агенциите. Според правилото, сите провајдери што имаат над 10 илјади корисници, треба да ги блокираат сајтовите... (прочитај ја веста - „Шпиц“)

 
Нова Македонија: Мајкрософт лансираше Месинџер за деца Испечати Е-пошта
25.03.2009.
msn-kids.png Мајкрософт неодамна го пушти во употреба новиот Windows Live Messenger наменет за деца. Истиот има интерфејс на германски јазик, а најава за негова достапност на други јазици сè уште нема. Повеќе за можностите на самата програма можете да прочитате во веб изданието на додатокот „Колибри“, кој излегува секој вторник во дневниот весник „Нова Македонија“.

 

 
Самоиницијативни едукации за безбедно користење на интернет во ОУ „Блаже Конески“ во Велес Испечати Е-пошта
18.02.2009.
blaze-veles-deca-6-mala.png По завршувањето на проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“, во основното училиште „Блаже Конески“ во Велес, се одржаа серија едукации за безбедно користење на интернет. Овие едукации беа организирани и спроведени од страна на самото училиште, а иницијативата потекна од двајцата наставници: Маја Ржарова и Илчо Ценев кои присуствуваа на заедничката обука за родители која се одржа во општинската сала во Велес.

Училиштето „Блаже Конески“ не беше опфатено со едукации во рамките на проектот.

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 Следна > Крај >>

Резултати 31 - 45 од 96
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates