Насловна arrow Вести
Обележување на денот на безбеден интернет Испечати Е-пошта
18.02.2009.
safer-internet-day-intro-mala.png По повод денот на безбеден интернет, оваа година во ЕУ Инфо Центарот беше организиран настан на кој неколку стручни излагачи ја запознаа разнородната публика со начините на кои можеме да го направиме интернетот, побезбедно место.

Настанот беше организиран како панел дискусија и беше поделен на два дела. Во првиот дел, се претставија 4 излагачи: Патрик Пакет од „Мисијата на Европската Унија“, Ирина Шумадиева од „Фондацијата Метаморфозис“, Елена Стојановска од „Дирекцијата за заштита на личните податоци“ (ДЗЛП) и Александар Токарев од ИТ компанијата „Некстсенс“, додека модератор беше Валентин Нешовски од Европската комисија.
Прочитај повеќе...
 
Влијанието од користењето на мобилните телефони врз здравјето на децата Испечати Е-пошта
27.01.2009.
deca-so-mobilni.pngФокусирајќи се на можните негативни последици од користењето на мобилните телефони, како резултат на праќање злобни смс пораки на други, непромислено давање на бројот на мобилниот телефон итн., не смеат да се занемарат и можните опасности по здравјето на децата. Македонскиот портал за ракот неодамна објави 10 препораки, на 20 светски познати кардиолози, за заштита од електромагнетните бранови кои ги емитираат мобилните телефони.

Проверете која е препорачливата возраст на која децата можат да почнат да користат мобилни телефони, на која оддалеченост и во каква поставеност во однос на телото треба да се држи уредот, дали да се преферираат смс пораките во однос на разговорите итн. Дополнително, прочитајте што велат истражувањата во врска со опасноста од предизвикување на рак како резултат од користењето на мобилен телефон. Дали овие две работи се поврзани?


 
Француската влада забрани рекламирање мобилни телефони на деца Испечати Е-пошта
14.01.2009.
Поради зголемени стравувања дека мобилните телефони може да предизвикаат рак и други заболувања, во Франција ќе се воведат нови закони против употребата на мобилни телефони од страна на децата.
 
Поради зголемени стравувања дека мобилните телефони може да предизвикаат рак и други заболувања, во Франција ќе се воведат нови закони против употребата на мобилни телефони од страна на децата. 
Прочитај повеќе...
 
Веб-сајтот безбедно на интернет го поддржаа над 430 членови на Фејсбук Испечати Е-пошта
13.01.2009.
Кон крајот на месец декември, со цел поголема промоција на веб-сајтот Безбедно на интернет, беше креирана група на Фејсбук кон која за дваесетина дена се приклучија 434 членови. 

Оваа група е наменета за сите оние кои би можеле да имаат корист од информации за безбедност на децата при користење на интернет, или пак би сакале да ги препорачаат ваквите содржини на своите Фејсбук пријатели. Групата е од отворен карактер, што значи дека е овозможено приклучување на нови членови кои понатаму и самите можат да допринесат кон поголема промоција на веб-сајтот.
 
Ниту Кумановските села не останаа без едукација Испечати Е-пошта
14.11.2008.
kumanovsko-intro-mala.png
 
5 кумановски села беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет, во текот на минатиот месец. Селата: Опае, Слупчане, Матејче, Лопате и Отла дознаа за безбедносните проблеми при користење на интернет од страна на Арбен Ибраими кој реализираше по 5 едукации во по 1 училиште од секое од селата.

Прочитај повеќе...
 
Уште 5 други скопски училишта добија едукации Испечати Е-пошта
13.11.2008.
uste-5-novi-ucilista-mala.png
 
Помеѓу скопските училишта опфатени со едукација во месец октомври, беа и основните: „Љубен Лапе“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „26 јули“ и „Јоаким Крчоски“, како и средното „Георги Димитров“. Едукатори кои независно работеа во овие училишта беа Татјана Јаневска, Ирина Шумадиева и Насер Мифтари.

Прочитај повеќе...
 
Едукации во општина Кисела Вода Испечати Е-пошта
12.11.2008.
kuzman-za-intro-mala.png Во месец октомври, беа реализирани голем број едукации за децата и наставниците во училиштата кои спаѓаат под општината Кисела Вода. Исто така, како резултат на добрата соработка со општината, се реализираше и една масовна едукација за родителите на учениците кои учат во овие училишта, што пак беше повод за свикување на претставници од медиумите, со цел и тие подобро да се запознаат со темата и сработеното во рамките на проектот.

Прочитај повеќе...
 
Средба со едукаторите во проектот CRISP Испечати Е-пошта
12.11.2008.
sredba-1-mala.png
 
На 1-ви овој месец, се одржа средба со едукаторите и со некои од останатите соработници вклучени во проектот. Целта на средбата беше да се разменат размислувања и искуства од одржаните едукации, како и да се предложат нови идеи за продолжување со активности за подигнување на јавната свест за проблематиката.

Прочитај повеќе...
 
Извештај од новите реализирани едукации од страна на „Отворете ги прозорците“ Испечати Е-пошта
10.11.2008.
otw-intro-mala.png
Во октомври, кон процесот на едукација и подигнување на свеста за побезбедно користење на интернетот, помеѓу децата, родителите и наставниот кадар, се приклучија и две претставнички од „Отворете ги прозорците“ кои работеа во улога на едукатори: Радмила Стојковска и Маргарита Гулевска. Тие ги опфатија двете скопски основни училишта: „Димо Хаџи Димов“ и „Лазо Трповски“.

Прочитај повеќе...
 
Уште 3 училишта во Кавадарци добија едукација за внимателно користење на интернетот Испечати Е-пошта
6.11.2008.
kavadarci-intro-mala.png
Гимназијата „Добри Даскалов“, како и основните училишта „Тоде Хаџи-Тефов“ и „Димката Ангелов - Габерот“ во Кавадарци, се здобија со едукација за вешто, внимателно и безбедно користење на интернетот во текот на изминатиот месец. Беа опфатени голем број на ученици во сите училишта. Работата на едукатор, како и во првата фаза, и овој пат ја имаше Гордана Богева.

Прочитај повеќе...
 
Едукации во Делчево и Македонска Каменица Испечати Е-пошта
4.11.2008.
delcevo-intro-mala.png
 
Во октомври, се реализираа едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во едно делчевско училиште, едно во селото Тработивиште, делчевско, како и во едно училиште во Македонска Каменица. Едукациите ги реализираше Нејат Демировски од ПХУРТ – Делчево.

Прочитај повеќе...
 
Со новите едукации во Куманово се опфатија 6 училишта Испечати Е-пошта
4.11.2008.
kumanovo-intro-mala.png Во октомвриската фаза од спроведувањето на едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата, беа опфатени вкупно 6 училишта, 4 во кои наставата се изведува на македонски јазик и 2 во кои наставата се изведува на албански. Во четирите македонски училишта едукациите ги изведоа Маргарита Аврамовска и Зоран Стефановски, додека за албанските задолжен беше Реџаиљ Али.


Прочитај повеќе...
 
Едукации за безбедно користење на интернет и во Велес Испечати Е-пошта
3.11.2008.
veles-intro-mala.png
На 21-ви и 22-ри октомври, едукации за безбедно користење се одржаа и во градот Велес. За разлика од другите градови каде се одржуваа вакви едукации и во текот на минатата учебна година, овде се одржаа за прв пат. Беа опфатени 4 училишта, две основни и две средни. Едукациите ги спроведоа координаторите на проектот Ирина Шумадиева од Метаморфозис и Татјана Јаневска од Меѓаши.


Прочитај повеќе...
 
Едукации за безбедно користење на интернет во Тетово Испечати Е-пошта
3.11.2008.
Kiril-i-Metodij-1-mala.png
 
Во октомври беа спроведени нови едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во 3 тетовски училиште. Едукациите ги спроведе Џаније Исеини, соработник во проектот. Беа опфатени двете основни училишта „Лириа“ и „Кирил и Методиј“, како и средното економско училиште „8 септември“.

Прочитај повеќе...
 
Едукации за безбедно користење на интернет во СУГС „Владо Тасевски“ Испечати Е-пошта
24.10.2008.
tasevski-intro-mala.png На 21 октомври, беа одржани едукации за безбедно користење на интернет во средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје. Се реализираа вкупно 8 едукации од кои 6 за ученици и по 1 за наставници и родители. Со осумте едукации беа опфатени 158 ученици, 23 наставници и 20 родители. Едукациите ги реализираше Елена Стојановска од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 Следна > Крај >>

Резултати 46 - 60 од 96
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates