Насловна arrow Вести
Спроведени едукациите во Охрид и Струга Испечати Е-пошта
9.07.2008.
ohrid-7-mala.png Со проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“, во текот на месец мај се запознаа и дел од учениците, родителите и наставниците од градовите Струга и Охрид, како и од охридското село Велгошти. Се спроведоа вкупно 20 едукации во овие области, беа опфатени 3 училишта, а содржината се пренесуваше на македонски и албански јазик. „Младинскиот совет Охрид“ од Охрид ја организираше работата, а професорките Лизана Зиба и Марија Пупиноска-Гогова ја имаа улогата на едукатори.

Прочитај повеќе...
 
Извештај од спроведените едукации во Прилеп Испечати Е-пошта
7.07.2008.
prilep,-kuzman---srednoskolci-2-mala.pngЦентарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, во периодот од 20 мај до 5 јуни ги реализираше предвидените едукации за безбедно користење на интернет во две прилепски училишта и тоа, во основното училиште „Кочо Рацин“ и во средното „Кузман Јосифовски - Питу“. Во улога на едукатори беа Талија Бабоска и Катица Ристовска. Со одржаните едукации во двете училишта беа опфатени вкупно 196 ученици, 60 родители и 38 наставници.

Прочитај повеќе...
 
Извештај од спроведените едукации во Гостивар и Тетово Испечати Е-пошта
27.06.2008.
tetovo-gimnazija-ucenici-mala.png Од 21 до 29 мај, беа спроведени едукациите за безбедно користење на интернет во Гостивар и Тетово. Беа опфатени вкупно 4 училишта, односно по 2 во секој од градовите. Во Гостивар, едукации се одржаа во основното училиште „Башкими“ и во средното техничко училиште „Гостивар“, додека во Тетово со едукација за безбедно користење на интернет се здобија учениците, некои од нивните родители и наставниците од ОУ „Братство-Миѓени” и од гимназијата “Кирил Пејчиновиќ”. За сите едукации, задолжен беше едукаторот Агим Мустафаи од „Асоцијацијата за демократска иницијатива“ (АДИ) од Гостивар, а тие се реализираа на албански јазик.
 
Прочитај повеќе...
 
Извештај од спроведените едукации за безбедно користење на интернет во Штип Испечати Е-пошта
26.06.2008.
stip-intro-mala.png Од 14 до 24 мај, едукаторите Гоце Коцевски и Душан Миланов успешно ги спроведоа едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата во две штипски училишта. По 5 едукативни средби беа одржани во основното училиште „Димитар Влахов“ и средното медицинско училиште „Јане Сандански“. На овие средби присуствуваа вкупно 179 деца и тинејџери, 45 наставници и 40 родители. За реализацијата на едукациите, задолжена беше Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип.
 
Прочитај повеќе...
 
Извештај од спроведените едукации за безбедно користење на интернет во Кавадарци Испечати Е-пошта
24.06.2008.
kavadarci-delenje-materijal-mala.gif Во периодот 19-28 мај, во две училишта во Кавадарци, комплетно и успешно беа спроведени 10-те планирани едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата, при што како слушатели учествуваа не само учениците, туку и одреден број на наставници и родители. Дополнително, до крајот на месецот беа спроведени уште 8 едукативни сесии со децата од двете училишта, што зборува за заинтересираноста за темата која ја пројавија слушателите и успехот во доближувањето на истата до интересите и сфаќањата на оние на кои едукациите им беа наменети. За спроведување на едукативната работа во овој град, задолжен беше Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци.

Прочитај повеќе...
 
„Безбедно на интернет“ во Ентер Испечати Е-пошта
24.06.2008.
enter.gif
Во последното издание на емисијата Ентер која се емитуваше на 21.06.2008, во рамките на рубриката Интернет, беше презентиран веб-сајтот „Безбедно на Интернет“. Кликнете на линкот доколку сакате да го погледнете видеото.
 
Вечер: Преку интернет до злоупотреба на малолетници Испечати Е-пошта
16.06.2008.
Сајбер манијаци ги демнат децата
 
sajber-manijaci.png За 50 часа разговор во текот на повеќе денови, девојчето не иницирало ниту еден контакт, но затоа неа ја контактирале 457 пати. Една четвртина сексуално ја вонемирувале, меѓу нив имало и мажи и жени. Околу дваесетина пати добила сомнителни понуди; послужила за остварување на нечии сексуални фантазии, и било понудено решение за "сите проблеми"
 
Датум на објавување: 09.06.2008, извор: Вечер  
 
Во Делчево спроведени едукациите во ДСУ „Методи Митевски Брицо“ Испечати Е-пошта
6.06.2008.
1_delcevo_mala.png
На 23, 24 и 25 мај, Хуманитарното и добротворно здружение на ромите “ПХУРТ” од Делчево ги спроведе едукациите за безбедно користење на интернет во средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во истиот град. Учесници на едукативните средби беа ученици од прва, втора, трета и четврта година, некои од нивните родители, како и професорите кои предаваат во ова училиште.

Прочитај повеќе...
 
„Отворете ги прозорците“ ги спроведоа едукациите во три скопски училишта Испечати Е-пошта
6.06.2008.
partenija_02-mala.png
 
Оваа недела здружението „Отворете ги прозорците“ од Скопје ги заврши едукациите за заштита на децата на интернет во три училишта во Скопје. Почнувајќи од 22 мај, тие ги реализираа едукативните работилници со учениците од средното училиште за деца со оштетен слух „Партенија Зографски“ заедно со децата од основното училиште „11 Октомври“, потоа со учениците од посебното основно училиште „Златен Сремац“, а организираа и неколку дополнителни работилници во нивниот центар.

Прочитај повеќе...
 
Во Куманово завршени едукациите за заштита на децата на интернет на македонски јазик Испечати Е-пошта
5.06.2008.
kumanovo-intro-mala.png
 
Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово во последната третина од месец мај, успешно ги заврши едукациите во две училишта во кои наставата се одвива на македонски јазик. Во овој град, организирани беа едукативни сесии во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во средното училиште „Гоце Делчев“. Едукациите ги спроведоа Маргарита Аврамовска и Лидија Илијевска.
 
Прочитај повеќе...
 
Завршени едукациите во ОУ „26-ти Јули“ Испечати Е-пошта
4.06.2008.
26-juli-intro-mala.png Во периодот од 12 до 26 мај, успешно се спроведоа едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата, во скопското основно училиште „26-ти Јули“. Едукациите ги реализираше Насер Мифтари, професор во споменатото училиште. Со едукативните презентации одржани во „26-ти Јули“, опфатени се 91 ученик, 23 наставници и 21 родител,  што ја задоволува посакуваната бројка на учесници во едукациите во едно училиште.

Прочитај повеќе...
 
Рецензија на веб-сајтот „Безбедно на интернет“ во „Време“ Испечати Е-пошта
23.05.2008.
crisp-vo-vreme.pngВо денешното издание на дневниот весник „Време“ беше објавена рецензија за веб-сајтот „Безбедно на интернет“ во рамките на редовната рубрика „Веб-сајт на денот“ која во електронска форма може да се следи преку истоимениот блог . Рецензијата е од промотивен карактер, односно има за цел да ги запознае читателите со содржината и целите на овој веб-производ. Ова воедно беше третата јавна прмоција на сајтот, покрај останатите две кои претходно се случија во електронски медиуми - „Македонско Радио“ и „МТМ телевизија“.
 
Почнаа едукациите во училиштата Испечати Е-пошта
21.05.2008.
По еднонеделните подготовки кои се случуваа во периодот од 12 до 16 мај, едукаторите кои беа обучени на претходно одржаниот семинар на тема „Заштита и безбедност на децата и нивните права на Интернет“, во рамките на истоимениот проект, оваа недела почнаа со спроведување на едукативните презентации во училиштата.

Досега, план за работа понудија следните НВО-ии: „Младински Образовен Форум“ (МОФ) и „Отворете ги прозорците“ од Скопје, „Центар за граѓанска иницијатива“ од Прилеп, „Младински културен центар“ (МКЦ) од Битола, „Пхурт “од Делчево, „Фондација за развој на локалната заедница“ од Штип и „Совет за превентива против малолетничка деликвенција“ од Кавадарци.  Покрај овие, во подготовки се и останатите НВО-ии кои со презентации треба да покријат уште 5 други градови од Македонија.

Прочитај повеќе...
 
Бесплатен англиско-македонски речник за деца Испечати Е-пошта
13.05.2008.
zona-recnik.png
Со денешното издание на дневниот весник Нова Македонија, за секој читател бесплатно следуваше и подарок CD со англиско-македонски речник за деца. Речникот опфаќа повеќе од 8000 често користени зборови, нивен изговор во аудио форма, квиз за интерактивно учење, како и повеќе од 1000 илустрации за полесно врежување на зборовите во памтењето на децата. Речникот го издаде „Зона“,  може да се користи на сите Windows оперативни системи од Windows 95 па наваму, како и да се дополнува со сопствени зборови.

 

 
Се одржа едукативниот семинар за безбедно користење на интернет од страна на децата Испечати Е-пошта
12.05.2008.
otvoranje-na-seminarot-mala.pngВо рамките на проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“ (CRISP), од 6 до 8 мај се одржа едукативен семинар на оваа тема на кој учествуваа претставници од повеќе невладини организации и училишта од Македонија.   

Семинарот се одржа во хотелот „Климетица“ во Охрид, а го посетија 34 учесници и 8 луѓе во улога на организатори, презентери и фацилитатори. Од 34-те учесници, дел беа претставници од НВО-ии кои по завршувањето на семинарот треба да ја преземаат улогата на едукатори во училиштата, додека останатите беа наставници од училиштата кои имаа можност да го посетат семинарот со цел да им ги пренесуваат овие знаења на своите ученици во иднина.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 Следна > Крај >>

Резултати 76 - 90 од 96
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates