 Во 18 епизода на емисијата Нуклеус на промени, која се емитуваше на ТВ Алфа во недела, 09 септември во 17:50 часот, неколку соговорници, меѓу кои и Ирина Шумадиева од Метаморфозис, говореа на темата Безбедност на децата на интернет.
|
Прочитај повеќе...
|
|
 По примерот на американската тинејџерска серија Gossip girl
(озборувачка), се појави македонски клон во вид на веб сајт, со кој се
душка по приватноста најчесто на малолетници. Лицата со фотографии и
пикантерии од нивниот интимен, личен и љубовен живот се поставени на веб
сајтот, а потписникот на текстовите за нив, е `XOXO Gossip Girl`.
Дополнување: Во текот на денот, по објавувањето на веста, блогот споменат во написот е избришан.
|
|
13 годишната ќерка на Џон Хајд се обидува да се најави на Фејсбук и бум! Таа гледа жолто-црн екран наместо Фејсбук. Таа е блокирана, фејс-блокирана.
Хајд, софтвер инжињер од Нелсон, создал апликација која им овозможува на луѓето да го блокираат Фејсбук во нивните домови на еден час, со притискање на копче. „Таа го мрази тоа“, вели Хајд.
Фејс Блок беше меѓу бизнис идеите изложени пред претприемачот и техбнолошки гуру во Нов Зеланд, Род Друри, за време на јавен настан одржан пред неколку недели во Нелсон.
Хајд, кој се надева дека апликацијата ќе биде достапна до јавноста до Божиќ, вели дека колку повеќе разговарал со другите родители во врска со намалувањето на употребата на Фејсбук кај нивните деца, „толку повеќе слушал екстремни решенија“. Предлозите вклучувале исклучување на рутерот и негово заклучување во автомобилот, или менување на нивните лозинки за бежичниот интернет секој ден, „како што би правеле во мотел или камп“.
„Ова е полесниот начин“, вели тој. Фејс Блок им оневозможува пристап на луѓето на Фејсбук, за еден час, а потоа повторно е достапен.
Прочитај повеќе...
|
|
 Студентите од Универзитетот Бен-Гурион од Негев развија ново решение за
приватноста на Facebook. Станува збор за социјалниот чувар на
приватноста (The Social Privacy Protector - SPP) кој на родителите им
помага да ги прилагодат профилите на своите деца со еден клик, да ги
спречат криминалците кои собираат лични информации, а и ги чува
тинејџерите од педофилите.
|
|
 Владата одлучи да се започне се реализација на проект за заштита на деца
и млади од нелегални содржини, загрозувања и активности кои постојат на
Интернет. Со овој проект преку формирање на тела и органи, преку
серијал на мерки и активности, во координирана општествена акција, ќе се
дејствува во насока на намалување на опасностите и штетните влијанија
врз децата и младите, ќе се санкционираат прекршителите на законите, и
ќе се мобилизираат потенцијалите за правилно искористување на
интернетот.
|
|
 Денес, 7 февруари 2012 година, е Ден на побезбеден интернет. Со текот на годините Денот на побезбеден интернет постана традиционален настан во календарот за онлајн безбедност. Започнувајќи како иницијатива на проектот на ЕУ, Безбедни граници,
во 2004 година, овој ден сега се обележува на 6 континенти, во повеќе од 70
земји ширум светот. Секоја година се избираат теми, од сајбернасилство до
социјални мрежи, кои се во согласност новите онлајн прашања и ги рефлектираат
тековните грижи.
|
Прочитај повеќе...
|
|
На
17 јануари, 2012 година, во Њујорк Тајмс осамна напис на Мат Ричтел наречен „Млади, заљубени, споделуваат
сè,
вклучувајќи и лозинки“.
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Текстуалните пораки, друштвените мрежи и електронските пораки се модерни
начини на комуникација која ја користат денешните деца. Но, овие начини
на комуникација може да се злоупотребуваат со цел некој да го
вознемирува и плаши Вашето дете.
|
|
 На 12 октомври, 2011 год., во МКЦ Клуб ресторант се одржа отворен настан на тема „Образованието и интернетот“, во организација на Здружението на граѓани „Интернет Хотлајн Провајдер Македонија“. Ова предавање беше наменето за наставници и родители, а предавачи беа Виолета Ѓорѓиевска од Интернет Хотлајн Провајдер, Ирина Шумадиева од Фондација Метаморфозис , и Мишел Буш - ЕУ експерт за безбедност на децата на интернет, кој одржа сеопфатна презентација на оваа тема.
|
Прочитај повеќе...
|
|
 На 20-22 мај, во спортската сала „Борис Трајковски“, се одржа конференцијата ЛАН Фест, каде Фондацијата Метаморфозис беше дел од изложувачите. Овој настан е составен од повеќе поединечни настани кои им овозможуваат на изложувачите и на посетителите ефективна соработка во полето на информатичките и комуникациските технологии.
|
Прочитај повеќе...
|
|
Кражба на пари, злоупотреба на личните податоци, бришење фајлови од
компјутерот, „губење“ на семејството...Ова се само дел од проблемите кои
може да ги имате ако наседнете на некоја од стотиците интернет-измами
кои кружат на популарната социјална мрежа „Фејсбук“, а која на големо се
користи и во Македонија.
|
|
 Децата под тринаесет години не се свесни за опасностите што ги демнат на Фејсбук и затоа не би требало да го користат овој сервис, вели Ирина Шумадиева, координатор на проекти за безбедност на децата на Интернет на фондацијата „Метаморфозис“.
Садењето дрвца на фармата, одгледувањето миленичиња во „Пет сосајати“ и
пиењето виртуелни пијалаци во „Јо вил“ навидум изгледаат како наивна
забава за децата, но реалноста е малку поинаква. Најновиот случај на
25-годишниот струмички педофил, осомничен за намамување малолетник преку
комуникациската мрежа Фејсбук, е уште еден во серијата појави на
украдени идентитети, фотографии и лични податоци од корисниците за
злоупотреба на малолетниците од злонамерници.
|
|
( Дигитални отпечатоци - продолжение, прочитај го првиот дел) 10, 9, 8, 7... одбројувањето започна и скоро е при крај. Долгото лето е пред тебе и сето слободно време ќе можеш да го искористиш за најразновидни активности, помеѓу кои секако ќе биде и играњето игри на твојот компјутер и прегледувањето интересни веб-сајтови на интернет. Тоа што ќе имаш многу време и многу слобода, не значи дека треба да се одрази на твојата одговорност додека си онлајн. И понатаму треба да внимаваш со кого комуницираш, што кажуваш и какви траги оставаш зад себе.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 08.06.2010, вторник
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Уште само 10 дена до крајот на оваа учебна година. Набрзо ќе можеш да ги фрлиш овогодишните учебници во подрум и да му се посветиш на долгото лето пред тебе. Уживање, дружење, онлајн игри и забава. Но, не го поминувај целото твое слободно време на интернет, гледај повеќе да се дружиш во реалниот живот. Кога пак ќе бидеш онлајн, не заборавај да внимаваш на твоите дигитални отпечатоци. Тие, како и вистинските отпечатоци од твоите прсти, можат да го откријат твојот идентитет.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 01,06.2010, вторник
|
Прочитај повеќе...
|
|
Знаењето повеќе странски јазици во денешно време е приоритет на секој млад и перспективен човек. Доколку и ти сакаш да научиш некој од светски најупотребуваните јазици, веб-сајтот chillola.com може да ти помогне да ги научиш основните поими за работите кои те опкружуваат.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 25.05.2010, вторник
|
Прочитај повеќе...
|
|
|