Насловна arrow Медиуми
По случајот „пријателот на Џереми – онлајн намамување“: Предлози и совети од владата на Австралија (трет дел) Испечати Е-пошта
2.11-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-iii-del-intro.png Редовните читатели на оваа рубрика веќе сигурно добро ја знаат приказната за Џереми од Австралија и за неговиот онлајн пријател, кој наместо негов врсник, излегло дека е возрасен маж. Вистинската случка зад оваа приказна завршува со позитивен крај, но не значи дека така би се случило во секоја друга ситуација. Затоа треба да бидеме многу претпазливи со кого комуницираме онлајн, да знаеме до кој степен можеме да им веруваме на онлајн пријателите и кога и како треба да постапиме доколку онлајн пријателот од другата страна на мониторот не повика на средба.

Во минатите 2 броја на Колибри пренесовме дел од предлозите на Австралиската влада за зголемување на безбедноста на младите на интернет и намалување на потенцијалните опасности преку зголемување на знаењето и свеста за истите. Во денешниот број завршуваме со последниот предлог.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 26.01.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
По случајот „пријателот на Џереми – онлајн намамување“: Предлози и совети од владата на Австралија (втор дел) Испечати Е-пошта
2.10-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-ii-del---intro.png Веројатно веќе ја имаш прочитано приказната за Џереми – момчето од Австралија кое мислејќи дека стекнатиот онлајн пријател е негов врсник, се доведе во многу опасна ситуација, која за среќа навреме беше сопрена од австралиската полиција. Во денешниот број, прочитај за втората мерка за зголемување на безбедноста на децата на интернет, што ја предлага австралиската влада, која ти треба да ја предложиш во твоето училиште. Потсети се и на првата мерка, која беше опишана во минатото издание на „Колибри“.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 02.02.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
По случајот „пријателот на Џереми – онлајн намамување“: Предлози и совети од владата на Австралија (прв дел) Испечати Е-пошта
2.9-po-sluchajot-prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje---predlozi-i-soveti-od-vladata-na-avstralija-i-del---intro.png Во минатиот број на „Колибри“, раскажавме една вистинска случка за момче од Австралија кое било заведено од непозната возрасна личност преку интернет, а која се претставувала како негов врсник. Ако ја пропушти приказната тогаш, истата можеш да ја најдеш на www.crisp.org.mk, како и во онлајн изданието на „Колибри“ , а во овој број, како што ветивме, ќе можеш да прочиташ за мерките и предлозите кои ги изнесува австралиската влада во проектот за заштита на децата од интернет опасностите.


Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 12.01.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
Вистинска случка од Австралија: пријателот на Џереми – онлајн намамување Испечати Е-пошта
2.8-vistinska-sluchka-od-avstralija--prijatelot-na-djeremi--onlajn-namamuvanje-intro.png Иако интернетот можеш да го користиш за многу интересни и корисни работи како што се добивање информации за твоите училишни проекти, комуницирање со твоите блиски пријатели, онлајн учење, играње забавни видео игри и многу други работи, сепак треба да имаш на ум дека не секој се однесува морално и етички кога е онлајн. Треба да внимаваш каде и какви информации оставаш за себе и да бидеш претпазлив кога комуницираш во т.н. „соби за муабетење“ – да знаеш кому му се доверуваш, бидејќи личноста зад другиот монитор не секогаш е онаа која ти се претставува.

Следнава вистинска приказна зборува токму за лажното претставување во „собите за муабетење“, каде што грешката на едно малолетно момче можела да доведе до катастрофални последици.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 05-07.01.2010, вторник-четврток

Прочитај повеќе...
 
Онлајн забава за најмалите – шарено и безбедно Испечати Е-пошта
2.7-onlajn-okolina-za-najmalite---shareno-i-bezbedno-intro.png Интернетот е неисцрпен извор за сите наши потреби, желби и интереси, оние за кои знаеме и оние за кои не сме ни свесни. Сепак, често претставува проблем да се најде вистинското нешто во вистинскиот момент и за кратко време. Барајќи забавни и интересни содржини, можеме случајно да налетаме на порнографски, расистички, безобразни или друг тип на несоодветни и вознемирувачки содржини. Не срами се ако ти се случи ова, туку веднаш кажи им на родителите, тие ќе знаат што треба да направат. А за да бидеш сигурен дека вакво нешто нема да ти се случи, посетувај само претходно препорачани извори на содржини за деца.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 29.12.2009, вторник

Прочитај повеќе...
 
Вистински случки од Македонија: Манекенка навредена за јавна објава на приватна фотографија Испечати Е-пошта
2.6-vistinski-sluchki-od-makedonija---manekenka-navredena-za-javna-objava-na-privatna-fotografija-intro.png
Понекогаш и добронамерните постапки можат да бидат навредливи за луѓето. Сигурно некогаш ти се случило да сакаш некому да му направиш услуга, да му дадеш совет или да го изненадиш со некоја, според тебе, добра вест, а тоа да биде сосема поинаку доживеано. Вакви работи се случуваат и на Интернет. Еве еден вистински случај од Македонија кој зборува за тоа.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 22.12.2009, вторник

Прочитај повеќе...
 
„Керпуф“ - дестинација за искажување на креативноста Испечати Е-пошта
2.5-kerpoof---destinacija-za-iskazhuvanje-na-kreativnosta-intro.png Доколку сакаш да го користиш своето слободно време, создавајќи нешто интересно и креативно, „керпуф“ е дестинација која брзо може да ти стане една од твоите омилени. Тука, користејќи ја својата фантазија и инспирација, ќе можеш да создаваш свои лични креации кои потоа ќе ги употребуваш на разни начини, согласно твоите замисли и потреби.


Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 15.12.2009, вторник

Прочитај повеќе...
 
Вистински случки од Македонија: Преземен идентитет на млада новинарка Испечати Е-пошта
prezemen-identitet-na-mlada-novinarka-intro.png Во денешно време, сите користиме разни начини за комуникација со пријателите, колегите, роднините. Сето тоа е во согласност со времето во кое живееме и можностите кои новите технологии ни ги нудат. Почнувајќи од СМС пораките кои ги разменуваме преку мобилен телефон, имејл пораките кои ги праќаме и примаме преку интернет, па се до програмите за муабетење и сервисите за социјално вмрежување, имаме многу можности да се поврзуваме, комуницираме и останеме во контакт со луѓето кои ги познаваме од реалниот живот. Кога се користат овие благодати на интернетот за приватни цели е едно, но сосема друго е кога тие се користат и во професионалната комуникација. Следнава приказна се однесува на една млада новинарка од Македонија чиј профил на Фејсбук бил пробиен и злоупотребен, како и нејзината имејл адреса, што пак имало последици врз нејзината работа.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 01.12.2009, вторник

Прочитај повеќе...
 
Рејлит – онлајн едукација и гарантирана забава за секое дете Испечати Е-пошта
2.3-raylit---onlajn-edukacija-i-garantirana-zabava-za-sekoe-dete-intro.png Во овој број на „Колибри“ ќе го претставиме многу забавниот и поучен веб-сајт „Рејлит“. Доколку си на возраст од 3 до 8 години и сакаш да ги развиеш твоите ментални и физички способности, овој веб-сајт ќе ти претставува интересно и многу корисно секојдневно доживување. Ако сето ова ти делува симпатично и корисно, за овој веб-сајт можеш да поразговараш со твоите родители и со нивна согласност и ти ќе можеш да станеш негов корисник и секојдневно да се дружиш со твоите нови пријатели Фиго, Лука и Клео.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 24.11.2009, вторник

Прочитај повеќе...
 
Вистински случки од Македонија: Уништен имиџ од видео на јутјуб Испечати Е-пошта
unisten-imidj-od-video-na-jutjub-intro.pngПонекогаш не мора сам да си предизвикаш непријатна ситуација. Луѓето прават злобни работи и без да имаат нешто да ти замерат или без да ги испровоцираш со некое несоодветно онлајн однесување. Следнава вистинска случка го потврдува токму тоа. Се работи за девојче во тинејџерски години кое доживеало мошне непријатна случка преку сервисот за објавување и за гледање на онлајн видеа.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 17.11.2009, вторник

Прочитај повеќе...
 
Добро однесување на интернет Испечати Е-пошта
dobro-odnesuvanje-intro.pngДодека сме на Интернет, имаме обврска да се однесуваме со почит кон луѓето со кои комуницираме исто како што ги почитуваме луѓето со кои секојдневно се среќаваме. Тоа значи дека и на Интернет треба да внимаваме да не навредиме или наштетиме некому, како што внимаваме и во непосредните средби.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 17.06.2008, вторник
 
Прочитај повеќе...
 
Вистински случки од Македонија: Украден идентитет на интернет Испечати Е-пошта
2.1-vistinski-sluchki-od-makedonija---ukraden-identitet-na-internet-intro.pngИнтернетот сам по себе ни овозможува многу работи и пред да ја прочиташ приказната треба добро да го знаеш тоа и да не дозволуваш некој да ти кажува дека е поинаку. Сепак, тоа не значи дека е сосема безбедно место каде ништо не може да ни се случи. Како што ги избегнуваш опасностите на улица и внимаваш на себеси, исто така треба да внимаваш и додека си онлајн. Непријатни ситуации и лоши луѓе има секаде, па и во виртуелниот свет. Еве една вистинска случка која ја раскажува едно дете од Македонија.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 10.11.2009, вторник
Прочитај повеќе...
 
4 правила за безбедно користење на интернет Испечати Е-пошта
4-pravila-intro.png
Интернетот е одлично место за информирање, дружење и забава, но истовремено е и извор на бројни опасности. Следните четири правила ќе ти помогнат да бидеш безбеден додека користиш интернет:

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 06.10.2008, вторник
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 46 - 58 од 58
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates