Оваа година, Денот
на побезбеден интернет на тема „Биди промената: Обединети за подобар интернет“ го одбележуваме на
7 февруари.
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 18 и 19 ноември, во Хотел Дрим во Струга се одржа дводневна обука за ученици од основните и средните училишта од општините Дебар, Центар-Жупа и Маврово и Ростуше на тема „Безбедно користење и заштита на приватноста на интернет“.
|
Прочитај повеќе...
|
|
Денот на побезбеден интернет е организиран секоја година во февруари, со цел да се промовира побезбедна и поодговорна употреба на онлајн технологијата и мобилните телефони, особено меѓу децата и младите луѓе ширум светот.
|
Прочитај повеќе...
|
|
Денот на побезбеден интернет на 11 февруари 2014 година по
11ти пат ќе биде прославен ширум светот. Оваа година темата е: „Да создадеме
подобар интернет заедно“. Се надеваме дека повторно, сите засегнати, било да се
децата, младите, родители и старатели, наставници и едукатори, индустријата или
политичарите, ќе се придружат кон обележување на денот и ќе работиме заедно кон
градење на подобар интернет за сите, особено за децата и младите.
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Приградски училишен округ во Лос Ангелес ги прегледува јавните објави на друштвените мрежи од страна на средношколците, пребарувајќи за можно насилство, употреба на дроги, заплашување, бегање од часови и закани за самоубиство.
Областа во Глендејл, Калифорнија, плаќа 40.500 долари на фирма која надгледува и известува за објавите на 14.000 средношколци на Твитер, Фејсбук и другите социјални медиуми во текот на една година.
Иако критичарите го поврзуваат надгледувањето со демнењето на владата, школските власти и нивниот платеник велат дека целта е безбедноста на учениците.
Целосната вест пренесена од СиЕнЕн е достапна на англиски јазик.
|
|
 Вашиот е-маил, фејсбук, скајп и други апликации за кои ви треба лозинка да се најавите се лесни за пробивање ако не изберете сигурна лозинка. Неколку совети кои ќе ви помогнат како да се заштитите со лозинка која тешко или никој нема да може да ја пробие.
|
|
 Утре, на 5 февруари 2013 година, по десетти пат се обележува
Денот на побезбеден интернет. Оваа година носечката тема на овој ден се онлајн
правата и одговорностите. Слоганот на овогодинешната кампања е „Поврзи се со
почит“.
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Од безизлезна забава, преку постојана навика, до вистинска зависност- цената која денешните млади генерации ја плаќаат. Долгометражните цртани се заменети со 3D филмови, видео игри, а пишувањето со писма е заменето со онлајн чет на друштвените мрежи. Се менува јазикот, се менува фантазијата, се менуваат симболите... Каде е границата од едноставното користење на компјутерот и зависноста од него?
|
|
Фејсбук во текот на
последните неколку денови почна масовно повлекување на насловните
фотографии од профилите на своите корисници.
На овој начин Фејсбук сака да го запре поставувањето промотивни
фотографии и оние заштитени со авторски права на место за кое тоа не се
предвидени.
|
|
 Родителите имаат клучна улога во помагањето на децата да им обезбедат
безбедни и позитивни искуства на Интернет. Преку разбирањето на тоа како
децата и младите го користат Интернетот, ризиците со кои се соочуваат и
стратегиите за управување со ризиците, родителите може да им овозможат
на децата добро да се справуваат со Интернет светот. Меѓаши со неколку
совети како да се заштитат децата на интернет.
|
|
Дека и возрасните можат да бидат жртви на измама преку интернет, покажува најновиот случај кој осамна во медиумите. Едно пријателство на
Фејсбук било фатално за млада брачна двојка од Куманово. Фејсбук
пријателот од скопско Мралино успеал да ги измами сопружниците кои
останале и без стан и без пари.
|
|
 Се поголем број млади луѓе бараат помош преку Фејсбук или Јутјуб, но за жал, никој не ги сфаќа сериозно. Пред неколку дена светот беше шокиран од видеото на младата Швеѓанка која го опишала нејзиното силување. Во истото време, Канада беше шокирана од самоубиството на 15 годишно девојче.
|
|
 Интересен стрип за приватноста на Фејсбук, во кој авторот претставува една секојдневна ситуација за корисниците на Фејсбук. Овој сервис толку често ги менува поставките за приватност што корисниците се збунети кога ќе забележат некои промени во начинот на кој споделуваат.
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Неодамна, јавноста во Македонија беше шокирана од злоупотребата на видео
клип на една средношколка во кој таа изложува интимни искуства, за што
имаше бурни реакции во јавноста, особено меѓу граѓанските активисти и
организации.
|
|
 Откако минатата недела објави дека се приближуваат до бројка од
милијарда корисници, сега друштвената мрежа вели дека имаат повеќе од 83
милиони лажни профили.
Во извештајот, од компаниајта велат дека 8,7
отсто од 955 милиони активни корисници ги нарушуваат правилата на
користење. Повеќе од половина од тие 8,7 отсто, односно 4,8 отсто го
нарушуваат правилото за единствен кориснички профил. Околу 2,4 отсто
опфаќаат профилите кои се создадени со име на компанија или
организација, или пак за некое милениче, а 1,5 отсто од корисниците се
означени како „непожелни“, односно профили со лажни имиња.
|
|