Faqja e parë arrow Lajme arrow Потпишан Меморандум за соработка меѓу Дирекцијата за заштита на личните податоци и Метаморфозис
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Дирекцијата за заштита на личните податоци и Метаморфозис Printoni E-mail
mou-dzlp-meta.jpg
На 25 јули 2014 година, Дирекцијата за заштита на личните податоци и Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, потпишаа Меморандум за соработка. Со овој Меморандум се потврдува одличната соработка во континуитет и заедничкиот интерес на организациите за едукација и информирање на граѓаните, особено младата популација, на тема приватност, заштита на лични податоци и други сродни области.

Целта на овој Меморандум е утврдување на заедничките активности поврзани со проектот „Час по приватност“, кој во следниот период ќе се спроведе во средните училишта во Град Скопје. 

„Подигањето на свеста за безбедно користење на интернетот, создавање на општество и култура на почитување на приватноста, заштитата на личните податоци, се цели од заеднички интерес“, се согласуваат од двете организации. 

Во следниот период се очекува спроведување на заеднички активности за подигање на нивото на свеста на повеќе целни групи во воспитно - образовниот процес: ученици, родители, наставници, за потребата од почитување на прописите за заштита на личните податоци, вклучувајќи и содржини за неповредливост на домот, тајност на комуникација, тајност на писма, говор на омраза, однесување на социјални мрежи, итн. 

Имајќи предвид дека и двете институции се насочени кон подобрување на квалитетот на живеење преку ширење на знаење и едукација на гореспоменатите теми, потпишувањето на овој меморандум додава дополнителна вредност кон креирање на демократско општество ослободено од прекршоци кон правото на приватноста.

 
< I mëparshmi   Tjetri >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates