Faqja e parë arrow Lajme arrow Распоред на часови - Прва активност од проектот „Час по приватност“
Распоред на часови - Прва активност од проектот „Час по приватност“ Printoni E-mail
inserter-mini.jpg

На 1 септември, во дневниот весник „Нова Македонија“ излезе прилог – Распоред на часови, наменет за децата од основно и средно образование. Оваа активност е една од првите заеднички активности на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Град Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Метаморфозис - Фондација за интернет и општество. 

raspored_na_casovi.jpg
Првиот час во распоредот во понеделник (класниот час) е обележан како Час по приватност. Тоа е всушност наjaва за проектот „Час по приватност“ што ќе се спроведува во средните училишта на територија на Град Скопје. 

Соодветната трансформација на општеството се постигнува доколку образованието одговори со ефективна промена на образовниот процес, особено внесување на промена на содржините кои се обработуваат, преку воведување на нови концепти, теми и програмски содржини за обработка. 

Националната образовна политика и стратегија за развој на образованието de facto мора да ги следи новите развојни процеси и потреби кои произлегуваат од модерното (ИКТ) живеење. Од друга страна, прашањето кое се обработува, веќе не е само по себе прашање кое институционално треба да се реши, туку за истото има потреба од системски издржани и адекватни реформи и дополнувања на наставната содржина, со цел ефективна употреба на ИКТ во образованието, но и градење општество без злоупотреби на интернет, за да одговориме на национално ниво на барањата на конкурентност и поврзаност наметнати од страна на глобалните и европските општества и модернизацијата на нивните образовни системи.

Повеќе од потребно е воведување итна мерка за ефективна промена и дополнување на наставната содржина во образовниот процес и примена на концептот на заштита на личните податоци и правото на приватност во наставата – тоа е всушност и самата идеја за внесување на насловот „Час по приватност“ во распоредот на часови - темите да се разработуваат првично на класен час, бидејќи правото на приватноста, заштитата на личните податоци, како и безбедноста на интернет и ширењето на говорот на омраза се теми кои ја погодуваат младата популација, учениците, студентите, наставниците, па и родителите. 

Во наредниот период следат активности во насока на едукација на децата и средношколците за овие важни прашања за приватноста и безбедноста на интернет, спречување на говорот на омраза и заштита на личните податоци.

 
< I mëparshmi   Tjetri >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates