Faqja e parë arrow Lajme arrow Одржан првиот Час по приватност
Одржан првиот Час по приватност Printoni E-mail
1caspoprivatnost3.jpg

Претставници од Дирекцијата за заштита на лични податоци денеска го одржаа првиот ЧАС ПО ПРИВАТНОСТ во средните училишта: СУГС „Раде Јовчески Корчагин“ и СУГС „Боро Петрушевски“. На предлог на училиштата предавањето беше одржано во една паралелка во трета година во „Раде Јовчески Корчагин“ и една паралелка во втора година во „Б. Петрушевски“. 

Учениците имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

1caspoprivatnost-1.jpg

Истите покажаа интерес повеќе за објавување на податоци на социјалните мрежи, начин на заштита, па дури и прашања за дозволено користење на биометриски податоци при употреба на мобилни апарати (Iphone уреди).

Едукаторите од ДЗЛП ги презентираа своите искуства, примери од бројот на претставките кои се добиени во Дирекцијата, но и покажаа примери од западните земји за злоупотреба на приватноста, како и најновите случувања за пресудите против Google, најновите измени на политиките за приватност на социјалните мрежи, итн.

Воедно, освен координаторите на проектот назначени од училиштата, предавањето го следеа инспектори од Сектор за просветен инспекторат при Град Скопје, кои се надлежни за следење на активностите во училиштето. За таа цел, дополнително ќе биде дистрибуиран прашалник до паралелките каде што беше одржано предавањето, со цел да се добијат повратни информации како е извршена дисеминацијата на знаењето, на кој начин и кој сè целни групи биле опфатени од страна на секое училиште.

Во училиштата беа поставени држачи за материјали – информативно катче со материјали, брошури и информативна содржина, доставени и подготвени од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци и партнерите во проектот Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Метаморфозис, Фондација за интернет и општество. 

1caspoprivatnost-4.jpg

 

Следниот час по приватност е закажан за 22 септември во средните училишта СУГС „Димитар Влахов“ и СУГС „Никола Карев“ во Скопје. 

 
< I mëparshmi   Tjetri >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates