Faqja e parë arrow Lajme arrow Одржан Час по приватност во средните училишта СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Димитар Влахов“
Одржан Час по приватност во средните училишта СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Димитар Влахов“ Printoni E-mail
2cas1.jpg

Претставници од Дирекцијата за заштита на лични податоци денеска одржаа Час по приватност во средните училишта: СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Димитар Влахов“. На предлог на училиштата предавањето беше одржано во една паралелка во четврта година во „Н. Карев“ и една паралелка во втора година во „Д. Влахов“. 

Учениците имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

2cas2.jpg

Особен интерес беше покажан од страна на учениците за примери од праксата на Дирекцијата за заштита на личните податоци, како и прашања за поставување на видео надзор во училиште и/или училница. Беа поставувани прашања во врска со злоупотреба на лозинки, лажни профили на социјални мрежи и за обработка на податоци при плаќање со картичка во продавници, итн.

И овојпат беа одредени инфо-катчиња во секое училиште, со дисеминација на брошури и информативни материјали.

Следното предавање е закажано за 29 септември во средните училишта СУГС Ѓеорѓи Димитров и СУГС Лазар Танев во Скопје.

dscf1339.jpg

dscf1334.jpg

dscf1341.jpg

dscf1343.jpg

 
< I mëparshmi   Tjetri >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates