Насловна arrow Вести arrow Одржан Час по приватност во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“
Одржан Час по приватност во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ Испечати Е-пошта
imag0024.jpg

На 3 ноември се одржа Час по приватност во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“. На предлог на училиштето овој пат предавањето беше одржано на ученици- претставници од сите класови од сите години.

Учениците, како и на другите предавања имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

imag0026.jpg

Како и на претходните одржани часови, така и тука, наголем интерес се пројави за социјалните мрежи, поконкретно Фејсбук. Учениците се информираа за тоа кои се всушност нивните права во однос на личните податоци објавени на социјалните мрежи и каде да се обратат доколку има повреда на истите. Дискусија имаше по прашањето дали постои орган којшто би можел трајно да ги отстрани фотографиите од интернет и кои би биле најсоодветни препораки за превенција на евентуална повреда на правата на приватност и дали и во кој случај би било возможно да се отстрани фан страница од Фејсбук.

Од страна на координаторите беше искажана голема потреба за нивна едукација и обучување за презентирање на содржини од областа на заштита на личните податоци и говор на омраза бидејќи се среќаваат со доста примери и прашања од нивните ученици. 

Во училиштето се одржа средба со координаторите и беше дискутирано за планирање на активности во врска со дисеминација на знаење и содржини на повеќе целни групи.

И овојпат беше одредено инфо-катче во училиштето, со дисеминација на брошури и информативни материјали.

imag0023.jpg

Следните предавања се закажани за 10-ти ноември во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ и СУГС „Здравко Цветковски“. 

 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates