Насловна arrow Вести arrow Одржан Час по приватност во средните училишта СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ и СГГУ „Здравко Цветковски“ во Скопје
Одржан Час по приватност во средните училишта СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ и СГГУ „Здравко Цветковски“ во Скопје Испечати Е-пошта
dscf1480.jpg

На 11 ноември се одржа Час по приватност во средните училишта СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ и СГГУ „Здравко Цветковски“. На предлог на училиштата овој пат предавањата беа одржани на ученици од четврта година и во двете училишта.

Учениците, како и на другите предавања, имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

dscf1473.jpg

Во СГГУ „Здравко Цветковски“најголем дел од прашањата беа поврзани со социјалните мрежи. Посебно внимание се обрна на кражбата на идентитет, каде учениците споделуваа искуства поврзани со оваа тема, а беа поставувани прашања каде може да се обратат, каде да пријават, дали е казнено дело, дали можат да се заштитат од ваков тип на кражба.

Во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ учениците од правна насока беа заинтересирани за правната терминологија, прописите за заштита на личните податоци, процедурата за пријава на злоупотреба на лични податоци, видео надзорот како тема, поставување на фотографии без согласност, итн.

Од страна на координаторите беше искажана голема потреба за нивна едукација и обучување за презентирање на содржини од областа на заштита на личните податоци и говор на омраза бидејќи се среќаваат со доста примери и прашања од нивните ученици. 

И овојпат беа одредени инфо-катчиња во секое училиште, со дисеминација на брошури и информативни материјали. Следното предавање е закажано за 27 октомври во СЕТУ „Михајло Пупин“ и СУГС  „8 Септември“.

 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates