Насловна arrow Вести arrow Одржан Час по приватност во средните училишта СУГС ” Панче Арсовски “ и СУГС „Цветан Димов“ во Скопје
Одржан Час по приватност во средните училишта СУГС ” Панче Арсовски “ и СУГС „Цветан Димов“ во Скопје Испечати Е-пошта
imag0063.jpgНа 24 ноември се одржа Час по приватност во средните училишта СЕПУГС СУГС „Панче Арсовски“ и СГГУ СУГС „Цветан Димов“. На предлог на училиштата во СУГС „Панче Арсовски“ предавањето се одржа на ученици од прва и втора година, додека во СУГС „Цветан Димов“ на ученици од трета и четврта година.


Учениците, како и на другите предавања, имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

Во СУГС „Панче Арсовски“ учениците покажаа големо познавање на материјата и поимите врзани за истата. Покрај фреквентните прашања од областа на социјалните мрежи, каде и кога може да се пријави преставка, беше поставено и прашање за матичниот број, каде и во кои услови е оправдана негова употреба.

Во СУГС „Цветан Димов“ најголема заинтересираност имаше за правната рамка на прекршоците и последиците кои тие ги носат со себе, како и која институција би можела да го пронајде сторителот. Беа исто така поставувани прашања од областа на трансфер на лични податоци во странство.

imag0076.jpg

 

imag0064.jpgОд страна на координаторите беше искажана голема потреба за нивна едукација и обучување за презентирање на содржини од областа на заштита на личните податоци и говор на омраза бидејќи се среќаваат со доста примери и прашања од нивните ученици. 

И овојпат беа одредени инфо-катчиња во секое училиште, со дисеминација на брошури и информативни материјали.

imag0070.jpg

imag0085.jpgСледното предавање е закажано за 01-ви декември во СУГС ''Браќа Миладиновци''и СУГС „Владо Тасевски“.

 
< Претходно   Следно >
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates