Насловна
Испечати Е-пошта
Родители

 
10 нешта на кои можете да ги подучите вашите деца за да си ја подобрат безбедноста на интернет!

Пред да му дозволите на вашето дете да се приклучи на интернет без ваш надзор, утврдете листа со правила во однос на кои сите дома ќе се согласите. Ако не сте сигурни од каде треба да започнете, еве неколку идеи за тоа што треба да разговарате со вашите деца во врска со тоа како да го користат интернетот побезбедно.
 
1. Охрабрете ги вашите деца да зборуваат со вас за своето искуство на интернет. Уживајте во интернетот заедно со вашите деца.
 
2. Учете ги вашите деца да им веруваат на сопствените инстинкти. Ако се чувствуваат непријатно поради нешто што виделе на интернет – треба да ви кажат за тоа.
 
3. Ако вашето дете посетува чет-соби (онлајн „соби“ за разговор преку интернет), користи инстант пораки (MSN Messenger, Yahoo! Messenger, Skype, GoogleTalk, ICQ итн.), игра онлајн видео игри или практикува други активности на интернет кои бараат користење на корисничко име и лозинка за да се идентификува како корисник на таа услуга, помогнете му да одбере корисничко име и погрижете се да не открие некој личен податок создавајќи го.
 
4. Инсистирајте вашите деца никогаш да не ги кажуваат домашната адреса, телефонскиот број, или која било друга лична информација како на пример каде одат на училиште или каде обично играат со другарчињата (или каде излегуваат, ако се тинејџери).
 
5. Подучете ги дека разликите меѓу она што е во ред и она што не е, се исти на интернет како и во „реалниот“ живот.
 
6. Покажете им на вашите деца како да ги почитуваат другите луѓе кои ги среќаваат онлајн. Уверете се дека вашите деца разбираат дека правилата за добро однесување не се менуваат само затоа што се на компјутер и зошто комуникацијата се одвива преку интернет.
 
7. Инсистирајте вашите деца да ја почитуваат туѓата сопственост и на интернет. Објаснете им дека недозволеното правење копии од нечија работа која е објавена на интернет (музика, филмови, видео игри и други програми) е исто како да крадат од продавница.
 
8. Кажете им дека никогаш не треба да се среќаваат во живо со лица кои ги запознале преку интернет. Објаснете им дека онлајн пријателите може да не се такви какви што се претствауваат на интернет.
 
9. Подучете ги вашите деца дека не сè што ќе видат или прочитаат на интернет е вистина. Охрабрете ги да ве прашаат ако не се сигурни.
 
10. Контролирајте ги онлајн активностите на вашето дете со користење на напреден интернет софтвер. Тие софтвери можат да ви помогнат да ги филтрирате штетните содржини, да ги проверувате сајтовите кои ги посетува вашето дете и да дознаете што прават тие кога се онлајн.
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates