Насловна
Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
Почеток
До 10 години
од 11 до 14 години
од 15 до 18 години
Родители


Упатства за користење на интернет според возраста на децата

 
До 10 годишна возраст строго ограничување

Доколку вашите деца спаѓаат во оваа возрасна група, надгледувајте ги и контролирајте ги за да бидете сигурни дека не се изложени на несоодветни содржини на интернет кои не се наменети за деца до 10 години.

Исто така, со користење на компјутерски алатки за безбедност на интернет, можете да му го ограничите пристапот на вашето дете до одредени содржини, веб-сајтови или активности и со тоа активно да се вклучите во неговите интернет искуства и доживувања.

Онлајн безбедносни совети за родители кои имаат деца до 10 години

Дури и ако вашите деца се на возраст од 2 до 10 години, за нив интернетот е одлично место за учење и играње. Еве неколку совети за безбедност на интернет кои треба да ги имате на ум кога одите онлајн со вашето дете, кое е на оваа возраст:

1. Никогаш не е премногу рано да поттикнете отворена и позитивна комуникација со вашите деца. Добро е да зборувате за компјутерите и секако - да останете отворени за нивните прашања и љубопитност.

2. Секогаш седете заедно со вашите деца кога се онлајн на оваа возраст.

3. Поставете јасни правила за користењето на интернетот. Дефинирајте колку часа на ден и во кој дел од денот може вашето дете да користи интетрнет. Одредете што точно може да прави на интернет, а што не смее. Испечатете ги правилата и закачете ги на видно место, веднаш до компјутерот кој сите го користите.

4. Инсистирајте вашите деца да не делат лични информации, како што се нивното вистинско име, адресата, телефонскиот број или лозинките што ги користат, со луѓето кои ги среќаваат онлајн.

5. Ако некој сајт го охрабрува вашето дете да го остави своето име за да си персонализира некоја веб содржина, помогнете му да креира online nickname (прекар) кој нема да содржи лични информации.

6. Истражете ги алатките за филтрирање на веб-содржините за да ја преземете безбедноста на вашите деца на интернет во свои раце и за да им поставите родителски надзор.

7. Ако користите семејни безбедносни алатки, креирајте соодветни профили за секој член, базирани на нивната возраст.

8. Преземете мерки за заштитата на вашите деца од несоодветни pop-up прозорци („прозорци“ од веб-сајтови со несоодветна содржина за вашето дете).

9. Сите членови на семејството треба да бидат пример за најмладите кои тукушто почнуваат да користат интернет.
 
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates