Насловна
Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
Почеток
До 10 години
од 11 до 14 години
од 15 до 18 години
Родители


Упатства за користење на интернет според возраста на децата

 
Од 11 до 14 години делумно ограничување

Децата на оваа возраст се повешти во користењето на интернетот, но сепак добро е да ги надгледувате и контролирате нивните активности за да бидете сигурни дека не се изложени на несоодветни содржини.

Можете да користите алатки за безбедност на интернет за да им го ограничите пристапот до одредени содржини и веб-сајтови на вашите деца, како и да овозможите следење на нивните активности на интернет.

Уверете се дека вашите деца на оваа возраст знаат кои лични информации не смеат да ги даваат преку интернет.

Онлајн безбедносни совети за родители кои имаат деца од 11 до 14 години

Децата кои се на возраст од 11 до 14 години, генерално се поотворени за прифаќање нови и различни нешта. На оваа возраст, децата можат да бидат многу вешти во работење со компјутер, користење глувче, како и играње компјутерски игри.

Сепак, тие се многу зависни од возрасните или од постарите браќа и сестри кои им помагаат во интерпретирањето на онлајн содржините.

Кога вашите деца се на оваа возраст, треба да го надгледувате нивниот компјутер и да користите посебни софтверски алатки за таа цел.

Еве неколку безбедносни совети кои треба да ги земете во предвид кога одите онлајн со вашето дете на возраст помеѓу 11 и 14 години:

1. Добро е да поттикнувате и негувате отворена и позитивна комуникација со вашите деца. Зборувајте со нив за компјутерите и останете отворени за нивните прашања и љубопитност.

2. Поставете јасни правила за користењето на интернетот. Дефинирајте колку часа на ден и во кој дел од денот може вашето дете да користи интетрнет. Дефинирајте што точно може да прави на интернет, а што не смее. Испечатете ги правилата и закачете ги на видно место, веднаш до компјутерот кој сите го користите.

3.
Инсистирајте вашите деца да не споделуваат лични информации, како што се нивното вистинско име, адресата, телефонскиот број или лозинките со луѓето кои ги среќаваат онлајн.

4. Ако некој сајт бара од вашето дете да го остави своето име за да персонализира некоја веб-содржина, помогнете му да креира online nickname (онлајн прекар) кој нема да содржи лични информации.

5. Користете семејни безбедносни алатки за да креирате соодветни профили за секој член на семејството.

6. Поставете ги семејните безбедносни алатки на средно ниво, кое треба да резултира со одредено ограничување на содржините, веб-сајтовите и активностите.

7. Поставете ги домашните компјутери кои се поврзани на интернет на попрометни места во вашиот дом (како дневната соба, на пример) каде лесно ќе можете да имате контрола врз нивните активности на интернет.

8.
Истражете ги алатките за интернет филтрирање како дополнување на родителскиот надзор.

9.
Преземете мерки за заштита на вашите деца од несоодветни поп-ап прозорци (прозорци од веб-сајтови со несоодветна содржина за вашето дете).

10. Охрабрувајте ги вашите деца да ви кажуваат ако нешто или некој онлајн прави да се чувствуваат непријатно и загрозено. Останете смирени и потсетете ги вашите деца дека не се во неволја штом тоа го споделиле со вас. Пофалете го нивното однесување и охрабрете ги повторно да го направат тоа, ако им се случи нешто слично.
 
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates