Насловна
Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
Почеток
До 10 години
од 11 до 14 години
од 15 до 18 години
Родители


Упатства за користење на интернет според возраста на децата

 
Од 15 до 18 години умерено ограничување

Тинејџерите треба да имаат скоро неограничен пристап до веб-сајтовите, содржините и активностите на интернет. Тие се вешти во користењето на интернетот, но се уште им се потребни родителите за да ги потсетуваат на соодветните безбедносни упатства. Родителите треба да им бидат достапни на нивните деца-тинејџери во ситуации кога се сретнуваат со несоодветни содржини и да им понудат помош во нивното разбирање, како и во избегнувањето на несакани ситуации. Добро е родителите да ги потсетуваат децата-тинејџери на оние лични податоци кои не треба да се даваат преку интернет.

Онлајн безбедносни совети за родители кои имаат деца од 15 до 18 години

Што прават децата на оваа возраст кога се на интернет? Момчињата обично се интересираат за хумористични содржини, игри и мултимедијални сајтови, додека девојчињата се приклучуваат кон веб-сајтовите за социјално вмрежување.

Еве неколку сигурносни совети кои треба да ги земете во предвид доколку упатувате тинејџер онлајн:

1. Имајте често семејни разговори за компјутерите и интернетот кои ќе бидат што е можно поотворени и што попозитивни. Зборувајте за онлајн животот, пријателите и активностите, исто како кога зборувате за останатите пријатели и активности во животот. Охрабрувајте ги вашите деца-тинејџери да ви кажуваат ако нешто или некој онлајн прави да се чувствуваат непријатно и загрозено.
 
2. Креирајте листа на домашни интернет правила заедно, како семејство. Дефинирајте кои сајтови се надвор од границите на дозволеното, определете дозволени часови на ден за користење интернет, одредете кој тип на информации не треба да се делат со други луѓе онлајн и поставете насоки за онлајн комуницирање.

3. Поставете ги компјутерите поврзани на интернет на попрометни места во вашиот дом (дневната соба), а не во собите на тинејџерите.

4. Истражете ги алатките за филтрирање на интернет содржините како дополнување на родителскиот надзор.

5. Помогнете им на вашите деца во заштитата од несаканите поп-ап прозорци користејќи поп-ап блокер.

6. Дознајте кои чет-канали и форуми ги посетуваат вашите деца и со кого зборуваат. Настојувајте да користат чет-соби кои се надгледуваат и инсистирајте да остануваат во јавни чет-области, односно да не се двојат во приватни чет-соби со луѓе кои ги познаваат само преку интернет.

7. Инсистирајте никогаш да не се сретнат во живо со онлајн пријател.

8. Подучете ги вашите деца да не симнуваат програми, музика или било какви датотеки (фајлови) без ваша согласност. Делењето датотеки и преземањето на текст, слики или уметнички содржини од интернет може да нарушува некои закони за заштита на интелектуалната сопственост и со тоа да биде нелегално.

9. Зборувајте со вашите тинејџери за нелегални и порнографски содржини и упатете ги кон корисни веб-сајтови за здравје и сексуалност.

10. Помогнете им во заштитата од спам (spam) пораки. Кажете им да не ја даваат својата имејл адреса онлајн, да не одговараат на несаканите имејл пораки и да користат филтри за имејл.

11. Дознајте кои веб-сајтови ги посетуваат вашите тинејџери. Бидете сигурни дека вашите деца не посетуваат сајтови со навредлива содржина и дека не оставаат лични податоци и фотографии од себеси.

12. Научете ги децата на одговорно и етичко онлајн однесување. Објаснете им дека не треба да го користат интернетот за да шират гласини и закани или да заплашуваат други.

13. Бидете сигурни дека вашите деца секогаш се консултираат со вас пред да прават финансиски трансакции онлајн
што подразбира нарачување, купување и продавање на предмети.

14. Дискутирајте со вашите деца за онлајн коцкањето и потенцијалните ризици од него. Потсетете ги дека тоа е нелегално. 


 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates