Насловна
На кој веб-сајт треба да му веруваш? Испечати Е-пошта


1. Дали е јасно кој ја напишал информацијата?

Секогаш кога ќе посетиш некој веб сајт, најпрво мора да провериш кој стои зад напишаните содржини, но и кој го изработил дизајнот. Секој може да направи веб сајт и да рече дека е експерт во областа за којашто пишува, но тоа не значи дека секогаш е точно.

Побарај информации и патокази за да бидеш сигурен/на дека авторот на сајтот или оној кој ги пишува неговите содржини е навистина квалификуван да ги кажува тие работи.

Како изгледа една вообичаена веб-страница?

Повеќето веб-страници имаат три главни дела. Ако си ја замислиш страницата како човек, неговата глава е заглавјето на страницата (header), телото (body) е во средината, додека подножјето (footer) е на дното, таму каде што се наоѓаат нозете.
dete-pokazuva-sajt1.gif

Сите страници не изгледаат вака, но ова се некои појдовни места кои треба да ги погледнеш за да добиеш првична претстава.

Почни со барање на името на авторот на страницата. Оваа информација можеш да ја најдеш во насловот или на дното на страницата. Често може да се случи да успееш да го најдеш само името на компанијата или организацијата која стои зад сајтот, но не и името на некоја конкретна личност.

Што ако не можам да го најдам авторот?

Ако не можеш да го најдеш авторот на страницата, побарај низ другите страници кои го сочинуваат сајтот за да видиш дали таму ќе наидеш на неговото име.

avtor-pod-lupa.gif

Посети ја почетната страница, бидејќи таму е поверојатно дека можеш да најдеш информации за авторот, иако некогаш дури ни таму не мора да ги има.

Понекогаш колку и да се трудиш да најдеш ваква информација, не можеш да дојдеш до неа. Не грижи се, недостатокот на информација за авторот на страницата, само по себе не ја прави страницата лоша.

Што ако на сајтот има линк до сајтот на некоја друга организација?

На еден веб-сајт може да постои линк до веб-сајт на друга организација или компанија која тврди дека е дел од сајтот што си го нашол/нашла.

linkovi.gif

Единствен начин да се осигуриш дека е тоа така е да го посетиш сајтот на таа организација или компанија и да видиш дали таму е спомнат авторот на содржините. На овој веб-сајт може да постои линк кој ќе те врати директно на првично посетениот веб-сајт. Ако и на веб-сајтот на организацијата која тврди дека стои зад сајтот до кој ти првично си дошол/дошла, не можеш да го најдеш името на авторот, тогаш можеби таа организација тврди дека е нешто што не е.

Можеш да се обидеш да го контактираш дизајнерот на овој сајт за да видиш дали тој го знае авторот. Секој што е коректен и искрен, нема да ти замери што прашуваш.

Внимавај и на сајтовите за кои се тврди дека се напишани од истиот автор. Дали навистина е така?


Како да проверам дали две адреси се некако поврзани?

Може да се видат двете адреси за кои се тврди дека се поврзани и да се споредат. Ако потекнуваат од истиот компјутер (сервер), тогаш првиот дел од адресите треба да се совпаѓа.

Пр. http://www.sajtzanesto/main.html и
http://www.sajtzanesto/informaciizaoblasta/informaciizatemata.html

Погледни ги двете адреси и спореди ги. Ако можеш да ги разложиш така што во еден дел ќе ти кажат иста работа, тогаш веројатно потекнуваат од ист компјутер.
vrska-pomegu-2-sajta.png
Штом успееш да го најдеш името, обиди се да дознаеш дали други луѓе имаат слушнато за него. Прашај го професорот, докторот или некој друг специјалист дали го познаваат. Ако не можеш да најдеш никој што го познава авторот, побарај дополнителни информации за него на самиот веб-сајт. Ова може да ти помогне да сфатиш од каде е, за кого работи и што има сработено во минатото.

Штом го најдеш авторот, види дали можеш да најдеш некакви информации за контакт со него. Ваков тип на информации најчесто можат да се најдат на дното на страницата, во подножјето (анг. Footer). Таму може да стои адреса, телефонски број или имејл.

Каков тип на контакт информации треба да барам?

Имејл адресата сама по себе не е гаранција дека авторот е вистински експерт за темата за којашто пишува, па дури ни за неговиот идентитет. Секој може да има имејл адреса. Останатите информации за контакт би биле поверодостојни.
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates