Насловна
На кој веб-сајт треба да му веруваш? Испечати Е-пошта


2. Дали се јасни целите поради кои постои веб-сајтот?


Добар веб-сајт ќе ти каже за кого е наменет, за што служи и што се обидува да постигне. Ова се целите на еден сајт. Овие работи треба да ти помогнат да одлучиш дали вреди да продолжиш да го разгледуваш сајтот.

Веб-сајтови се прават поради различни причини. На пример:

1. да ти понудат информација за нешто
2. да те едуцираат
3. да ти понудат линкови до други сајтови  
4. да те поврзат со други луѓе
5. или најчесто – да те забавуваат 

Како да проценам дали целите на сајтот се ОК?


Некои сајтови очигледно се направени од шега. Кога би наишле на такви, веднаш би ги препознале и не би поверувале во нив, нели? Но други сајтови, особено такви кои обработуваат теми од областа на здравјето и социјалните проблеми, можат исто така да кажуваат нешто што не е сосема точно, а пак тоа да не е нешто што може лесно да се забележи.

Како да ги најдам целите на сајтот?

Немаат сите веб-сајтови јасна изјава со која ќе ти ги кажат нивните цели. Можно е да треба да побараш некои други важни патокази. Ако сајтот има мени, погледни дали насловите на различните секции ти кажуваат за што тој служи. Дали сајтот изгледа како да е наменет за деца или за возрасни!? Дали напишаното е лесно да се разбере или звучи како да е напишано од луѓе кои веќе премногу знаат за темата!?
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates