Насловна arrow Наставници
Испечати Е-пошта
Наставници


ПОЧИТУВАНИ НАСТАВНИЦИ,

Покрај родителите, и вие како наставници треба да се грижите за безбедноста на вашите ученици додека се на интернет. Бидејќи повеќето училишта имаат безбедносни системи кои до некаде ги блокираат несоодветните и штетните содржини од интернет да не допрат до компјутерите во училиштето, ваша примарна грижа треба да биде надгледување на активностите на децата додека користат интернет во училиште и создавање позитивни навики за користење на интернетот. На тој начин не само што ќе им помогнете на децата да бидат безбедни онлајн додека се на училиште, туку ќе придонесете да научат правилно да го користат интернетот и да бидат безбедни и кога не ги надгледувате директно. Сепак, децата користат интернет и дома, во интернет клубови, кај другарчињата итн. Затоа, од витално значење е безбедното користење на интернет во сите услови.
 
На овие страници ќе добиете насоки кои ќе ви помогнат вие како наставник да ги пренесете пораките за безбедност на децата на интернет, на забавен и интерактивен начин. 
 
 
Наставници главна Улога на наставникот во заштита на децата Ресурси Идеи за организација на школски час Правила за заштита на децата според нивната возраст
 
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates