Насловна arrow Како да блокирам некој испраќач на имејл пораки?
Како да блокирате некој испраќач на имејл пораки? Испечати Е-пошта
 
plicke_so_zabrana.gif 
Може да ви се случи, од најразлични причини, едноставно да не сакате да добивате имејл пораки од некоја одредена личност. Која и да е причината, доколку дојде до тоа – можете да ја блокирате таа личност и повеќе нема да добивате пораки од неа!

Како се прави тоа? Начинот на кој се изведува блокирањето на испраќач на имејл пораки до извесен степен може да зависи од вашиот имејл-провајдер. На пример:
  • Во некои имејл-програми, постои копче „блокирај“ (block) во самото поштенско сандаче (inbox) во кое ви стига електронската пошта. Селектирајте го т.е. штиклирајте го квадратчето или крукчето во inbox-от кое се наоѓа веднаш до имејлот кој сте го добиле од личноста која сакате да ја блокирате. Потоа стиснете на копчето „блокирај“ односно “block” и на тој начин ја блокирате таа личност во иднина да не може да ви испраќа имејл пораки. Тоа значи дека сите пораки кои во иднина ќе бидат испратени до вас од адресата што сте ја блокирале нема повеќе да пристигаат во вашето електронско поштенско сандаче.
  • Во други програми пак, за да блокирате некој испраќач треба да го додадете на листата “block senders” или „блокирај испраќачи“. Тоа исто така значи дека во иднина во вашето „сандаче“ за електронска пошта нема да пристигаат имејлови од тој испраќач. 
plikce_so_preskrtana_strelka.gifКако се прави тоа? За да го направите тоа, стиснете на десното копче на глувчето врз името на испраќачот кој сакате да го блокирате, во листата на контакти. Тоа би требало да отвори пред вас можност да одберете да го сместите тој контакт во “Junk” или да го блокирате (“block”).

Стискајќи на некоја од овие опции би требало да ви се отвори можност да ја преместите таа личност од вашата контакт листа во Листата на блокирани испраќачи (Blocked Senders List). Со стискање на оваа опција можете да бидете сигурен дека нема повеќе да добивате пораки од таа личност. 
  • Во Hotmail на пример блокирањето се прави така што се оди на опцијата “Options” и тука се одбира “Block senders” каде што се впишуваат адресите кои сакаме да ги блокираме.
  • Кај Gmail, за да блокирате некој испраќач треба да одите во „Settings“, потоа да одберете „Filters“, па „Create a new filter“ и во полето „From” односно „од“ да ја напишете адресата која сакате да ја блокирате. Веднаш потоа стискате „Next step” и потоа го штиклирате полето “Skip the Inbox (Archive it)” или “Delete it”. Постапката ја комплетирате со стискање на “Create filter”. Откако сте го направиле ова, можете да бидете сигурни дека повеќе нема да добивате имејлови од таа адреса.
  • Копчето „Block” некогаш може да се вика и “Ignore” така што ако десниот клик на глувчето не функционира, побарајте ја во “Preferences” оваа опција (“Ignore” или „Игнорирај“).
Ако не можете да се снајдете и не сте сигурни на кој начин се блокираат испраќачи во програмата за имејл која вие ја користите, обратете се до вашиот имејл-провајдер и прашајте. Или едносатвно прашајте некој за кој сметате дека може да знае.

 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates