Насловна
На кој веб-сајт треба да му веруваш? Испечати Е-пошта
 
Дали веб-сајтот е релевантен за мене?


4g.gifДобриот веб-сајт им е корисен на оние на кои им е наменет. Ако не ги погодува твоите интереси, тогаш нема да ти користи (што не значи дека нема да му е од корист на некој друг).

Со цел да разбереш дали сајтот ќе ти биде од корист, мора однапред да знаеш што сакаш да постигнеш. Пред да почнеш да разгледуваш некој веб-сајт почни да размислуваш за пет или повеќе прашања на кои навистина сакаш да добиеш одговор. Запиши си ги.

Кога гледаш еден веб-сајт, види дали ти дава одговор барем на три. Што повеќе одговори можеш да најдеш, толку сајтот е подобар и покорисен за тебе.

Запомни: целите на сајтот треба да ти покажат дали таму ќе ги најдеш информациите кои ги бараш.

Ако целите не се доволно јасни, погледни ги насловите или имињата на секциите во менито. Дали овие ти кажуваат за што се наменети, секој од нив поединечно? Дали е веројатно дека ќе ги најдеш одговорите овде?
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates