Насловна
Испечати Е-пошта
Наставници

 
За наjмалите деца од основно училиште
 
Работејќи со помалите деца од основно училиште (до 10 годишна возраст) битно е да работите на тоа децата да го прифатат следното правило: „Наjважно е да останам безбеден/на, да се држам настрана од непознати на интернет и да продолжам да им кажувам на моите родители што ми се случува додека сум онлаjн“.

Со нив можете да создадете постер кој ќе ги содржи следните правила за нивна безбедност на интернет:
 
1. Ги чувам на сигурно сите мои лични податоци и не ги обjавувам на интернет!

2. Никогаш не го кажувам моето вистинско име, адресата на живеење, телефонскиот броj, името на моето училиште и не покажувам фотографии од себеси на никоj коj го познавам само онлаjн.

3. Се држам настрана од непознатите на интернет, што и да ми кажат, бидеjки не можам да знам кои се всушност тие.

4. Не разговарам со нив кога ке ми се обратат онлаjн и никогаш нема да се сретнам со нив лице в лице.

5. Секогаш им кажувам на моите родители за се што гледам на интернет, особено кога нешто прави да се чувствувам неприjатно.

Создавајќи го постерот, зборувајте за сите точки поединечно и дискутирајте зошто е битна секоја од нив. Поставувајте им прашања на децата, барајќи од нив да размислуваат и самите да дојдат до заклучоците.
 

За децата од погорните одделениjа во основните училишта и за оние од средните училишта

Морам да го заштитам моето име, идентитет и репутациjа
 
Како што навлегуваат се повеке во новите технологии и стануваат повешти во нивното користеньето, станува се по важно да сфатат дека мораат да си го заштитат своето име, идентитет и репутациjа. Се што поставуваат и прават онлаjн денес може да се одрази на остваруванье на нивните цели во иднина како и на нивната безбедност и безбедноста на нивното семеjство. Затоа многу е важно децата да ги обликуваат своите онлаjн навики уште кога ке почнат да ги користат технологиите, колку се поголеми, повеке се изложени на ризик.
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates