Насловна
Испечати Е-пошта
Наставници


Идеи за организација на школски час

На овие страници ќе добиете насоки кои ќе ви помогнат вие како наставник да ги пренесете пораките за безбедност на децата на интернет, на забавен и интерактивен начин. Најдобро е да се предвидат и планираат посебни часови на кои информациите најпрво би се презентирале со помош на проектор, а потоа би се поттикнала дискусија во која ќе се охрабрат децата да ги споделуваат и личните искуства.
 
Училишниот час, наменет за едукација на децата за тоа како да се однесуваат безбедно на интернет, можете да го организирате на многу различни начини што ќе го направат часот интерактивен и подеднакво интересен за сите деца. Еве некои идеи за тоа како можете да го конципирате и изведете овој час односно какви елементи можете да внесете во вашата работа обработувајќи ја оваа тема.

Некои од активностите што можете да ги преземете се следниве:
 
1. Организирање игри.

2. Предавање со помош на презентации - презетациите можете да ги создадете сами со помош на содржините на овој веб-сајт или пак да ги искористите готовите презентации кои можете исто така да ги најдете тука.

3. Делење едукативни материјали - едукативните материјали можете да ги добиете преку контактот на проектот кој можете да го најдете на овој сајт или, бидејќи количините се ограничени, да ги симнете во електронска форма тука.

4. Развивање дискусија преку поставување прашања и поттикнување одговори со користење примери.

5. Играње улоги за време на училишниот час или пак изведување драмски претстави на ниво на целото училиште.

6. Работа на час со користење претходно подготвени материјали: интерактивни квизови, испечатени задачи, вежба за комуникација преку чет и сл.

7. Стимулирање на учениците за изработка на проекти и веб-сајтови.
 
 
 Еве и неколку конкретни, практични “алатки“ кои можете да ги користите на вашиот час:

- Вежби

- Презентации

 
Како да jа заокружите сериjата часови за безбедност на децата на интернет

Она што ке го научат децата на овие часови треба да ги охрабри да им кажуваат и на другите деца дека треба да бидат претпазливи додека се онлаjн. За таа цел, можете да ги преземете следните активности:

1. Дизаjнираjте заедно со учениците постер коj ке го закачите во училницата, а коj ке ги содржи основните правила за безбедност на интернет.

2. Предложете им на учениците да ги пишуваат овие правила со jазикот што го користат додека четуваат онлаjн или кога пишуваат смс пораки.

3. Охрабрете ги вашите ученици да напишат песна (стихотворба), па дури и рап песна за безбедното користенье на интернет.

4. Дискутираjте во одделението за мобилните телефони и предупредете ги учениците дека треба да бидат претпазливи кога оставаат лични информации од своjот мобилен телефон.

5. Постои поширок спектар на прашаньа за кои може да се разговара со постарите деца како што се на пример: користеньето на слики со заштитени авторски права од интернет, како да jа проверуваат веродостоjноста на информациите на интернет, како и начините на кои можат да се вклучат во некои позитивни заеднички проекти на интернет.

 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates