Вечер: Уценувал малолетничка со порно клип
Битолчанец уценувал малолетничка да му сними порно клип и со тоа да си го исплати наводниот долг што девојчето го имало кон него.
Битолската полиција поднесе кривична пријава против М.С. (22) од село Света-Демир Хисар за сторено кривично дело "прикажување на порнографски материјал на дете". Во март 2009 година, пријавениот ја принудил Х.Н. (16) од село Единаковци, со нејзиниот телефон да сними сопствен видео клип со порнографска содржина, како надомест за паричен долг што Х.Н. наводно го имала кон истиот. По ова, пријавениот го префрлил видео клипот на неговиот телефон и го препратил на повеќе лица.
 
Извор: Вечер