Политика на приватност
Во овој документ за применетата политика на приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот Безбедно на интернет (crisp.org.mk) како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.


Основни одредби

  • Сите приватни податоци под контрола на веб-сајтот Безбедно на интернет се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.
  • Личните податоци под контрола на веб-сајтот Безбедно на интернет се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици. 
  • Политика на веб-сајтот Безбедно на интернет е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определенo со договор или закон, или по завршувањето на проектот во рамки на кои биле собрани.
  • Податоците кои се прибираат преку веб-сајтот Безбедно на интернет се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници. 
  • Во случај на криминална истрага, веб-сајтот Безбедно на интернет се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Користење кукија

Веб-сајтот Безбедно на интернет користи кукија или колачиња (cookies) во следните случаи:
  • За спречување на двојно гласање при пополнување на анкети. Во моментов на веб-сајтот Безбедно на интернет нема активни анкети.
  • При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој не е јавен. 
  • За соодветно претставување на јазичната верзија на веб-сајтот  за корисници кои направиле избор во тек на претходна посета.

Серверски логови

За веб-сајтот Безбедно на интернет, соодветниот веб-хостинг провајдер води логови на серверот, во кои се запишува IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од веб-сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.


Екстерни бројачи на посети


Заради поголема транспарентност, веб-сајтот Безбедно на интернет, користи екстерен бројач на посети: Сајтмитер. Екстерниот бројач има пристап до следните податоци за посетителите: IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од веб-сајтот  во кои е вметнат кодот од бројачите.
  • Бројачот Сајтмитер става на располагање на јавноста дел од деталните податоци за последните 100 посетители, со прикривање на дел од IP адресата, како и статистички податоци за бројот на посети и отворени страници во последните 12 месеци.

Е-пошта

Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон.