Веб-сајтот „Безбедно на интернет“ посочен во учебник по информатика за петто одделение
informatika-5-to.jpgВеб-сајтот „Безбедно на интернет“ е посочен како корисен извор за учениците во рамките на учебникот по информатика за петто одделение. Помеѓу обработените теми во учебникот е и темата „Правила за однесување на интернет“ во која се упатуваат некои важни препораки во однос на паметното и безбедно користење на интернетот од страна на децата, а во продолжение е наведен и веб-сајтот crisp.org.mk како извор на кој можат да се најдат повеќе информации на темата. Учебникот може да се преземе во електронска верзија (PDF).