Ден на побезбеден интернет – Да создадеме подобар интернет заедно
snap1.jpg
Денот на побезбеден интернет на 11 февруари 2014 година по 11ти пат ќе биде прославен ширум светот. Оваа година темата е: „Да создадеме подобар интернет заедно“. Се надеваме дека повторно, сите засегнати, било да се децата, младите, родители и старатели, наставници и едукатори, индустријата или политичарите, ќе се придружат кон обележување на денот и ќе работиме заедно кон градење на подобар интернет за сите, особено за децата и младите.

Како идеја за одбележување на денот ви препорачуваме да направите мини работилница каде ќе ги погледнете кратките филмови  и едукативни игри  за приватност и безбедност на децата на интернет.

Погледнете го овогодинешното видео за денот на побезебден интернет тука