Започнуваат „Часовите по приватност“
rasing-hands.jpg
На 15.09.2014 почнуваат предавањата од проектот „Час по приватност“. Првите предавања ќе се одржат во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ и СУГС „Боро Петрушевски“, а потоа секоја недела учениците од различни училишта ќе имаат час по приватност, каде ќе се едуцираат на теми поврзани со заштитата на личните податоци, приватноста и безбедноста на интернет, говорот на омраза и други сродни теми. 


Со предавањата се опфатени 21 средно училиште на територијата на Град Скопје. Фондацијата Метаморфозис е партнер во имплементацијата на овој проект на Дирекцијата за заштита на личните податоци. 

 Распоредот на предавања е достапен подолу. 
  • 15.09.2014 СУГС „Р.Ј. Корчагин“
  • 15.09.2014 СУГС Боро Петрушевски“
  • 22.09.2014 СУГС Никола Карев“
  • 22.09.2014 СУГС Димитар Влахов“
  • 29.09.2014 СУГС Георги Димитров“
  • 29.09.2014 СУГС Лазар Танев“
  • 06.10.2014 СУГС Арсени Јовков“
  • 13.10.2014 СУГС Орце Николов“
  • 13.10.2014 СУГС Марија С.Кири“
  • 20.10.2014 СУГС „Јосип Броз Тито“
  • 20.10.2014 СУГС „Кочо Рацин“
  • 27.10.2014 СУГС „Зеф Љуш Марку“
  • 03.11.2014 СУГС „Панче Караѓозов“
  • 10.11.2014 СУГС „Васил Антевски -Дрен“
  • 10.11.2014 СУГС „Здравко Цветковски“
  • 17.11.2014 СУГС „Михајло Пупин“
  • 17.11.2014 СУГС „8-ми Септември“
  • 24.11.2014 СУГС „Цветан Димов“
  • 24.11.2014 СУГС „Панче Арсовски“
  • 01.12.2014 СУГС „Браќа Миладиновци“
  • 01.12.2014 СУГС „Владо Тасевски“