На кој веб-сајт треба да му веруваш?

Интернет мрежата е место на кое може да се најдат навистина корисни и драгоцени информации и факти, но во исто време и многу невистини и дезинформации. Ако нешто се наоѓа на интернет, не значи дека тоа е апсолутно вистинито и точно! Ова се должи на фактот што секој има пристап до онлајн содржините на овој или оној начин и може да пишува буквално што сака! Тоа е нешто што е многу тешко, дури би рекле невозможно во целост да се контролира.

Како тогаш да знаеме на што да веруваме а на што не? Како да се заштитиме од погрешни информации?

Тука ќе најдете неколку клучни прашања кои ќе ви помогнат да препознавате на кој веб-сајт можете да му верувате, а на кој не.

1m.gif
 
 
Дали е јасно кој ја напишал информацијата?

2m.gif
 
 
Дали се јасни целите поради кои постои веб-сајтот?

3m.gif
 
 
Дали веб-сајтот ги оправдува своите цели?

4m.gif
 
 
Дали веб-сајтот е релевантен за мене?

5m.gif
 
 
Дали може да се проверат информациите прикажани на веб-сајтот?

6m.gif
 

Кога е создаден веб-сајтот?


7m.gif
 
 
Дали информациите прикажани на веб-сајтот се пристрасни на било кој начин?

8m.gif
 
 
Дали сајтот ти ги предочува сите можности за избор кои ги имаш?