Препораките од Час по приватност и во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје
jsp1.png

Во рамките на соработката со Град Скопје, како партнери на проектот, од 20 септември препораките од Час по приватност беа поставени во автобусите на ЈСП Скопје. 

Претставувањето на главните препораки за заштита на личните податоци, како и препораките да не се шири говор на омраза, да се внимава што се објавува на социјалните мрежи, итн. во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје – е добра можност за поширока перцепција и зголемување на јавната свест по однос на овие важни прашања. Истовремено, ќе бидат опфатени повеќе целни групи освен од воспитно-образовниот процес опфатени со предавањата од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

jsp2.jpg

За таа цел беа поставени постери, на македонски и албански, во автобуси кои имаат возен ред со број: 2, 5, 15, 7, 3, 65, 65V, 41, 50, 17, 4, 8, 57, 19 и 22.

Благодарност за поддршката од Град Скопје - ЈСП Скопје, што ја препознаа важноста да се допре до поширок аудиториум и да се влијае на зголемување на јавната свест за овие прашања. 

jsp3.jpg

 

jsp4.jpg