Одржан Час по приватност во средните училишта СУГС „Лазар Танев“ и СУГС „Ѓеорѓи Димитров“
dscf1362.jpg

На 29 септември, се одржа Час по приватност во средните училишта СУГС „Лазар Танев“ и СУГС „Ѓеорѓи Димитров“. На предлог на училиштата овој пат предавањето беше одржано на ученици од прва и втора година (по двајца од секој клас) во „Лазар Танев“ и една паралелка во трета година во СУГС „Ѓеорѓи Димитров“. 

Учениците имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

dscf1355.jpg

Овој пат учениците беа заинтересирани за закани на социјални мрежи, прашања за видео надзор на јавни настапи (приредби), за обемот на личните податоци потребни при потпишување петиции, документации, итн.

Со координаторот беше дискутирано за планирање на активности во врска со дисеминација на знаење и содржини на повеќе целни групи.

И овојпат беа одредени инфо-катчиња во секое училиште, со дисеминација на брошури и информативни материјали.

dscf1360.jpg

 

dscf1363.jpg

Следното предавање е закажано за 06 октомври во средното училиште СУГС „Арсени Јовков“.