Одржан Час по приватност во средното училиште СУГС „Арсени Јовков“
dscf1370.jpg

На 6 септември се одржа Час по приватност во СУГС „Арсени Јовков“. На предлог на училиштето овој пат предавањето беше одржано на ученици од прва втора година.

Учениците имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

Овој пат учениците беа заинтересирани за злоупотреби на социјални мрежи, бидејќи имале искуства со објави на фотографии без согласност и хакирање на профил на социјална мрежа/креирање лажни профили, итн.

Во ова училиште беше одржана и средба со координаторот и беше дискутирано за планирање на активности во врска со дисеминација на знаење и содржини на повеќе целни групи. Воедно, беше покажан интерес и за подготовка на одредени презентации, како на македонски, така и албански јазик.

И овојпат беа одредени инфо-катчиња во секое училиште, со дисеминација на брошури и информативни материјали.

dscf1376.jpg

Следното предавање е закажано за 13 октомври во средното училиште СУГС „Марија С. Кири“ и СУГС „Орце Николов“