Одржан Час по приватност во средните училишта СУГС „Орце Николов“ и СУГС „Марија С. Кири“
20141013_112720.jpg

На 10 октомври се одржа Час по приватност во средните училишта СУГС „Орце Николов“ и СУГС „Марија С. Кири“. На предлог на училиштето овој пат предавањето беше одржано на ученици од втора година во „Орце Н.“ и по еден клас од трета и еден клас од четврта година од „Марија С. Кири“. 

Учениците како и на другите предавања имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

Во СУГС „Орце Николов“ беа презентирани доста случаи од праксата на Дирекцијата за заштита на личните податоци што предизвика огромен интерес кај слушателите. Воедно, прашањата беа во насока на обврските и одговорноста на родителите/старателите за однесувањето на децата/учениците на социјалните мрежи, кој и како треба да врши контрола над учениците, како и за можностите за едукација и ширење на знаењата и познавањата на политиките на приватност.

20141013_102421.jpg

Во СУГС „Марија С. Кири“ имаше прашањата беа насочени кон барањата за отстранување фотографии на социјални мрежи. Воедно беше презентиран начинот за поднесување претставки до Дирекцијата. Безбедното купување на интернет е исто така тема на дилема кај средношколцит, а исто така и говорот на омраза предизвика голем интерес и прашањето дали и кога треба да пријави кога ќе забележи дека невистинити и недолични информации и содржини се говорат јавно.

cam00631.jpg

Од страна на координаторите беше искажана голема потреба за нивна едукација и обучување за презентирање на содржини од областа на заштита на личните податоци и говор на омраза бидејќи се среќаваат со доста примери и прашања од нивните ученици. 

Претставник од Метаморфозис беше присутен на предавањето, а воедно беа посочени веб-сајтовите www.bezbednonainternet.org.mk I dzlp.mk за дополнителни информации и содржини.

Во овие училишта се одржаа средби со координаторите и беше дискутирано за планирање на активности во врска со дисеминација на знаење и содржини на повеќе целни групи. Воедно, беше покажан интерес и за подготовка на одредени видео материјал/презентации и активности. И овојпат беа одредени инфо-катчиња во секое училиште, со дисеминација на брошури и информативни материјали.

Следното предавање е закажано за 20 октомври во средните училишта СУГС „Јосип Броз Тито“ и СУГС „Кочо Рацин“.