Одржан Час по приватност во средните училишта СУГС „Кочо Рацин“ и СУГС „Јосип Броз Тито“
20141020_142539.jpg

На 20 октомври се одржа Час по приватност во средните училишта СУГС „Кочо Рацин“ и СУГС „Јосип Броз Тито“. На предлог на училиштето овој пат предавањето беше одржано на ученици од паралелка од прва година во „Кочо Рацин“ и мешана паралелка од втора, трета и четврта година од „Јосип Броз Тито“. 

Учениците како и на другите предавања имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци. 

Во СУГС „Кочо Рацин“ прашањата беа насочени кон објавите на социјалните мрежи, објава на фотографии и објавување на видео материјали на Јутјуб. Затоа, посебен акцент беше ставен на тоа кој е надлежен орган за постапување во такви случаи и која е процедурата за пријавување во Дирекција за заштита на личните податоци. 

Во СУГС „Јосип Броз Тито“ исто така имаше интерактивна настава и презентација за користење на паметни телефони, а учениците се информираа кој може да поднесе барање за отстранување фотографии на социјални мрежи, креирање на лажни профили, објава на недолични содржини на социјални мрежи итн. Учениците имаа прашања во врска со проблеми со кои се соочиле (тие или нивни познаници) во однос на злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи. Воедно, учениците имаа големи познавања од уредите од технолошки аспект, но воопшто немаа познавање во однос на политиките на приватност на веб сајтовите/социјалните мрежи што ги посетуваат како нивни корисници. 
cam00636.jpg

cam00642.jpg
Од страна на координаторите беше искажана голема потреба за нивна едукација и обучување за презентирање на содржини од областа на заштита на личните податоци и говор на омраза бидејќи се среќаваат со многу примери и прашања од нивните ученици. 

Во овие училишта беа одржани и средби со координаторите и беше дискутирано за планирање на активности во врска со дисеминација на знаење и содржини на повеќе целни групи. 

И овојпат во секое училиште беа одредени инфо-катчиња, и беа дисеминирани брошури и информативни материјали.

Следното предавање е закажано за 27 октомври во СУГС „Зеф Љуш Марку“.