Одржан Час по приватност во СУГС „Зеф Љуш Марку“
imag0013.jpg

На 27 октомври се одржа Час по приватност во средното училиште СУГС „Зеф Љуш Марку“. На предлог на училиштето овој пат предавањето беше одржано на ученици од четврта година.

Учениците, како и на другите предавања, имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

imag0009.jpg

Часот беше започнат со една куса приказна од секојдневниот живот на 5 момчиња и разговорите кои тие ги водат меѓусебе. Приказната беше презентирана од 5-рица уценици кои доброволно се пријавија на барање на предавачот и коишто помогнаа во запознавањето на класот со материјата која требаше да биде обработена. Како и во минатите, така и во ова училиште најголем интерес учениците пројавија за нивната приватност на социјалните мрежи.

Од страна на координаторите беше искажана голема потреба за нивна едукација и обучување за презентирање на содржини од областа на заштита на личните податоци и говор на омраза бидејќи се среќаваат со доста примери и прашања од нивните ученици. 

И овојпат беше одредено инфо-катче во училиштето, со дисеминација на брошури и информативни материјали.

Следното предавање е закажано за 03-ти ноември во СУГС „Панче Караѓозов“.