Одржан Час по приватност во СУГС „8-ми Септември “ и СУГС „ Михајло Пупин
cam00181.jpg

На 17 ноември се одржа Час по приватност во СУГС „8-ми Септември “ и СУГС „ Михајло Пупин“. На предлог на училиштето, во СУГС „8-ми Септември“ предавањето беше одржано пред група ученици од прва и трета година, додека во СУГС „Михајло Пупин“ пред ученици од повеќе класови во втора година.

Учениците, како и на другите предавања, имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

cam00182.jpg

Учениците пројавија голем интерес особено околу проблематиката со социјалните мрежи, беа поставувани прашања каде може да се обратат, каде да пријават, дали злоупотребата на социјалните медиуми е казниво дело и сл.
Во холот на училиштата, на видни и фреквентни места беа поставени инфо-катчиња со информативни брошури и материјали .

Следните предавања за Час по приватност се закажани за 24.11.2014 во СУГС „Цветан Димов“ И СУГС „Панче Арсовски“.