Ден на побезбеден интернет – Да создадеме подобар интернет заедно
sid15.jpg
Денот на побезбеден интернет е организиран секоја година во февруари, со цел да се промовира побезбедна и поодговорна употреба на онлајн технологијата и мобилните телефони, особено меѓу децата и младите луѓе ширум светот. 
Денот на побезбеден интернет  на 10 февруари 2015 година по 12 пат ќе биде прославен ширум светот, а оваа година, следејќи го успехот на минатогодишната кампања, повторно под мотото: „Да создадеме подобар интернет заедно“. 

Најважно од се е, сите да се приклучиме кон одбележување на овој ден, било да се децата, младите, родители и старатели, наставници и едукатори, индустријата или политичарите, и да работиме заедно кон градење на подобар интернет за сите, особено за децата и младите. 

Како идеја за одбележување на денот ви препорачуваме да направите мини работилница каде ќе ги погледнете кратките филмови и едукативни игри за приватност и безбедност на децата на интернет.