Ден на побезбеден интернет 2016: „Одиграј ја твојата улога за подобар интернет!“
sid2016.png

Денот на побезбеден Интернет се организира секоја година во февруари, од страна на „Insafe”, со цел промовирање на побезбедно и поодговорно користење на онлајн технологиите и мобилните телефони, особено помеѓу помладата популација во светот.

Прославата оваа година ќе се одржи на 9 февруари, вторник, и ќе биде на тема „Одиграј ја твојата улога за подобар интернет!“. Согласно темата за оваа година, очекуваме од сите кои се залагаат за побезбедно користење на интернет да допринесат со свои креативни идеи и активности, било тоа да се тинејџери, учители, родители, млади или засегнати граѓани.

На овој веб сајт ќе можат да се погледнат сите активности кои ќе се организираат за одбележување на овој ден ширум светот, како и ресурси и алатки за тоа како вие можете да допринесете за поодговорно користење на интернет технологиите.

Со нетрпение ја очекуваме вашата поддршка и идеи.