Мајките би можеле да завршат во затвор поради објавување на фотографии од нивните деца на Фејсбук
landscape-1457019971-kid-photo.jpg
Споделувањето фотографии од вашите деца и убавите моменти со нив е право на секој родител, но тоа наскоро би можело да се промени во Франција, каде благодарение на ригидните закони за приватност кои го прават незаконско објавувањето фотографии од личности без нивна дозвола.
Родителите би се соочувале со парични казни од 48000 американски долари и една година затвор, пренесува „Daily Mail “.

„За неколку години, децата лесно би можеле да ги изведат пред суд своите родители доколку тие постирале фотографии од нив додека биле помали," изјави Ерик Делкроа, кој е специјализиран за интернет право и етика, за весникот „Le Figaro “. 
„Децата во одредени периоди не сакаат да бидат фотографирани и уште помалку тие фотографии да излезат во јавноста."

Француските вооружени сили споделија порака на нивниот фејсбук ѕид, повикувајќи ги родителите да бидат внимателни, пишувајќи, „Запомнете дека постирањето фотографии од вашите деца на фејсбук не е безбедно," според „The Local “. „Важно е да ја заштитуваме приватноста на малолетните лица и нивните фотографии на социјалните мрежи."

Родителите би требало да преземаат мерки фотографиите на нивните деца да не завршат во непосакувани раце, или да бидат претворени во злобни мемиња.

Извор: Good Housekeeping