Ден на побезбеден интернет 2017: „Биди промената: Обединети за подобар интернет“
sid2017.png

Оваа година, Денот на побезбеден интернет на тема „Биди промената: Обединети за подобар интернет“ го одбележуваме на 7 февруари

Денот на побезбеден Интернет се организира секоја година во февруари, од страна на „Insafe”, со цел промовирање на побезбедно и поодговорно користење на онлајн технологиите и мобилните телефони, особено помеѓу помладата популација во светот. 

На оваа веб страница  се прикажани сите активности кои што се случуваат насекаде низ светот каде луѓе со слични идеи и предлози се обидуваат да го направат интернетот побезбедно место за сите. Пронајдете ресурси и идеи кои ќе ви помогнат и во вашето користење на интернетот. 

Активностите за Денот на побезбеден интернет може да ги следите и на друштвените мрежи преку #SID2017 и #SaferInternetDay. 

Ви благодариме за вашата ангажираност и поддршка!