Родители 
 
 
ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ,
 
Повеќето деца мислат дека знаат сé кога станува збор за интернетот и мобилните телефони, па да се држи чекор со нивното користење на технологијата е навистина голем предизвик.

Тешко е да се води сметка за сé што прават децата додека се онлајн, за сето она што го објавуваат на веб-сајтовите, со кого разговараат преку интернет и што „симнуваат“ од интернет. Но, запомнете – тие можеби се многу поупатени во технологијата од вас, но вие сте сигурно многу поупатени во животот од нив. И покрај тоа што вашите деца можеби се посамоуверени од вас кога е во прашање користењето интернет, вие сепак треба активно да се вклучите во нивните онлајн активности, да ги советувате и да им пружите поддршка.  
 
  soveti.png
  10 нешта на кои можете да ги подучите вашите деца за да си ја подобрат безбедноста на интернет Ресурси за родители Упатства за користење на Интернет според возраста на децата

 

УТВРДУВАЊЕ ДОМАШНИ ПРАВИЛА:

Битно е да составите домашни правила кои ќе се однесуваат на користењето интернет. Сите членови на вашето семејство треба да учествуваат во создавањето на правилникот и договорот за користење на интернет во вашиот дом. На крајот од договорот дури може сите да се потпишете како потврда дека се согласувате со утврдените правила и дека ќе ги почитувате. Правилата треба да стојат истакнати на видно место, најдобро онаму каде што се наоѓа домашниот компјутер.

ВРЕМЕНСКО ОГРАНИЧУВАЊЕ:

Сурфањето на интернет мрежата не треба да ги замени во целост другите важни активности на детето како што се пишувањето домашна работа и други домашни активности, потоа играњето надвор со други деца или поминувањето време со пријателите. Затоа е корисно временски да го ограничувате времето кое вашето дете ќе го помине на интернет во текот на еден ден. Педијатрите препорачуваат ограничување од максимум 1 до 2 часа седење пред компјутерскиот монитор на ден, за деца постари од 2 години. За да не изгубите осет за време, можете да користите аларм од будилник или мобилен телефон да ве потсети кога поминале саат или два.